Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цивил: МВР се прогласи за ненадлежно за фантомските влезови и гласачи

0
By Нова ТВ on April 17, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 17, 2014 17:36

Немаме ингеренции да проверуваме дали се точни податоците од личните карти, изјави за Цивил, портпаролот на МВР Иво Котевски.

Изјавата следува откако екипата на „Цивил“ вчера пронајде две згради во општината Кисела Вода кои имаат по два влеза, а во избирачкиот список додаден е уште по еден влез, кој на теренот не постои. Во третиот влез на улиците „Пушкинова“ и „Михаил Чаков“ пријавени се четириесетина гласачи.

„Адресите се запишувани во времето на СДСМ, треба да се обратите до нив бидејќи во тоа време се издадени личните карти со тие адреси. Ние извршивме проверка по вчерашните изјави за постоењето трет влез и видовме дека на некои лица им се издадени лични карти на таа адреса уште во 1977 година. МВР нема надлежност да ја проверува точноста на податоците од старите лични карти. Лицето си доаѓа кај нас со старата лична карта и ние му ја издаваме новата, но не ја проверуваме улицата на старата. Тоа се прави само доколку лицето пријавува промена на живеалиште“, вели Котевски.

Според набљудувачите на Цивил, во битолското село Бајро, било забележано лице кое што на денот на претседателските избори, на 13 април, сред село делело лични карти на гласачи. Воедно, забележан беше и гласач во Скопје, на кој од џебот му паднаа пет лични карти. За овие случаи, МВР нема информации.

„Не ми е јасно зошто никој тоа не го пријавил. Не е возможно едно лице да има повеќе од една лична карта, тоа е кривично дело. Но, до нас не е стигната никаква пријава, ниту од невладините организации ниту пак од опозицијата, која има свои набљудувачи. Од ниту едно избирачко место немаме добиено пријава дека одредени лица располагале со повеќе лични карти“, вели Котевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.