Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цивил: Смената на уредникот Димитровски е политички притисок

0
By Нова ТВ on February 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 14, 2014 12:52

Политичкиот притисок врз медиумите продолжува. Зоран Димитровски, главен уредник на дневниот весник „Нова Македонија“ е сменет од таа позиција.

Цивил – Центар за слобода се придружува кон реакциите во јавноста по смената на Димитровски од неговата позиција и се согласува со констатациите дека причините за оваа смена претставуваат политички притисок и порака до сите новинари дека нивната работа и позициите зависат од потребите и волјата на центрите на моќта во државата.

Ја користиме оваа можност да ги повикаме новинарите и уредниците да продолжат со редовната комункација со Цивил и да ни доставуваат информации за кршењето на нивните права. Воедно, ја изразуваме нашата поддршка на новинарскиот синдикат и на релевантните организации во земјата, во одбрана на слободата на изразувањето и медиумските слободи, регираат од Цивил.

Зоран Димитровски е уредник во весникот „Нова Македонија“ гласно застана во одбрана на својот колега, новинарот Томислав Кежаровски кој беше спектакуларно уапсен, помина низ петмесечна агонија во истражниот притвор во Скопје, беше осуден на 4,5 години затвор за текст објавен во 2008 година и сега е во домашен притвор во очекување на правосилност на пресудата. Кежаровски беше новинарот кој ја истражуваше смртта на Никола Младенов, уредник на независниот политички неделник „Фокус“, што според изјавата на еден од адвокатите веднаш по судењето го наведе како вистинската причина за прогонот на Кежаровски.

„Отказот го добив затоа што ми беше речено од страна на Јорданов дека сум ги нарушувал професионалните новинарски стандарди и сум манипулирал политички, сум манипулирал со вистината во моите колумни. За сега нема ништо на писмено и веројатно ќе добијам образложение исто такво како што ми го соопшти Минчо Јорданов“ – изјави Димитровски за медиумите.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, изјави дека ЗНМ очекува објаснување од сопственикот на весникот кои се причините за сменувањето на главниот уредник Зоран Димитровски.

„Симптоматично е што ваквата одлука доаѓа  по распишување на претседателските избори, а во јавноста гласно се говори дека ќе има и предвремени парламентарни избори. Постои сомнеж дека причините за смената на Димитровски можат да бидат политички.“ – вели Селмани во својата изјава до јавноста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.