Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦРМ: Законот за радиодифузната дејност не треба да се носи во скратена постапка

0
By Нова ТВ on November 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 26, 2013 10:25

Денеска, собраниската Комисијата за транспорт и врски, ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност (ЗРД), доставен од Владата на 6 ноември 2013 година. Овој предлог кој има за цел да го усогласи ЗРД со Законот за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ, 119/2013), Владата предлага да биде донесен по скратена постапка.

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) смета дека доставениот предлог покренува повеќе значајни прашања, и затоа, предложените измени и дополнувања на Законот за радиодифузната дејност не треба да се донесат во скратена постапка. Предложените измени на ЗРД се однесуваат на квотите за емитување на музика на македонски јазик и на јазиците на заедниците кои живеат во Македонија, и иако се мали по обем, сепак, треба да ја поминат редовната процедура на јавни консултации. На ваков начин ќе се слушнат мислењата на сите засегнати страни, што е од исклучително значење бидејќи предложените измени воспоставуваат нови и сериозни обврски за радиодифузерите.

Имајќи го предвид ова, останува нејасно зошто предлагачот односно Владата бара измените на Законот да бидат усвоени по итна постапка.

Исто така, се поставува прашањето, зошто новите предложени обврски би се однесувале само на телевизиските програмски сервиси од општ формат, а истата разлика не се прави кај радијата. Сите радиодифузери што емитуваат радио програмски сервиси се обврзани, без разлика на нивната жанровска определба, да ги почитуваат истите квоти.

Притоа, Законот за поддршка на домашната музичка продукција, изрично ги споменува само „забавната“ и „народната“ музика. Оттаму, останува нејасно како музичките радија што се строго жанровски определени и емитуваат, на пример, само џез или класична музика, ќе ги исполнат зацртаните квоти. Особено имајќи предвид дека изданијата на џез и класична музика во Македонија се екстремно ретки и можат да се избројат на прстите од едната рака.

Според предлогот на Владата, типските радија се изземени од обврската за емитување на 30% програма создадена изворно на македонски јазик или на јазикот на немнозинските заедници, но не и од обврската за емитување на вокално и/или вокално – инструментална музика. Сметаме дека е потребна соодветна интервенција во предложените решенија, со што типските радија ќе бидат изземени од обврската за емитување на наведените квоти на музика. Воедно, може да се постави и прашањето дали предложените промени се однесуваат само на забавната и народната музика, кои се експлицитно спомнати во Законот за поддршка на домашната музичка продукција, или ќе се однесуваат и на сите други жанрови.

Со овој предлог, останува определбата музичките дела што се опфатени во квотите да се дефинираат преку јазикот, а не територијата (државата) на производство, што отвара можност квотите, особено на јазиците на немнозинските заедници, да се исполнуваат и со de facto увозна продукција.Тоа е спротивно на целите на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, а воедно и спротивно на Директивата на ЕУ која го применува принципот на потекло.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.