Продолжуваат хуманитарните активности во Тетово за помош на настраданите во поплавите што ги зафатија делови на Србија и Босна.
Општинската Организација на Црвен Крст – Тетово информираше дека стапиле во контакт со двете Национални Друштва на Црвениот Крст и согласно со материјалните и човечките ресурси понуди помош за потребите на погоденото население од поплавите.
-Согласно нивната процена во моментов има потреба од следната помош: храна,средства за хигиена,нова облека и обувки,ќебиња,бебeшка храна,вод за пиење и сл.За таа цел Црвениот Крст Тетово ги презема следниве активности за обезбедување на помош.
На локално ниво,помошта може да се донира во Општинската Организација на Црвениот Крст Тетово,Собирен Пункт во Магацинот на Црвен Крст Тетово ул.Фрушанска бб или на тел 044/336 – 374 на патот од Касарната во Тетово према Магацинот на Макпетрол од 10.00 – 15.00 –стои во соопштението на Општинската Организација на Црвен Крст Тетово потпишан од секретарот Ќатип Бесими.

Од Црвен Крст – Тетово исто така ги повикуваат компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население во Србија и Босна,акција која ќе трае до 31.05.2014 год.




