Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвенковски до Вестервеле – подготвен сум за дијалог

0
By Нова ТВ on February 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 22, 2013 21:33

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, попладнево оствари средба со министерот за надворешни работи на СР Германија, Гидо Вестервеле.

Вестервеле, соопшти СДСМ, изрази загриженост за внатрешните конфронтации во земјата и посака што поскорешно нејзино разрешување со цел напредок на земјата како на внатрешен така и на меѓународен план.

Црвенковски, како што се наведува, го запозна Вестервеле со ставовите на опозицијата и изрази подготвеност за политички дијалог кој би довел до политички договор меѓу власта и опозицијата. Двајцата соговорници се огласија околу тоа дека клучно за иднината на Република Македонија е нејзината интеграција во Европската унија и НАТО, се вели во соопштението од СДСМ.

Апел за надминување на политичката криза во Македонија министерот за надворешни работи на Германија, Гидо Вестервеле упати по средбата со неговиот македонски колега, Никола Попоски.

„Не сакам да кријам дека ние сме загрижени заради веќе долготрајната внатрешна политичка криза, којашто се одвива овде во Скопје и затоа јас најенергично апелирам да се почитуваат правилата на демократските игри и да се воспостави една сериозна парламентарна работа. Овој апел е упатен до сите, во смисла навистина да се воспостават едни средени односи врз основа на заемната почит меѓу етничките Македонци и Албанци, врз основа на Охридскиот рамковен договор”, изјави Вестервеле.

„Јас апелирам до сите да ја видат целта, да го видат и да го согледаат националниот интерес, да ја осознаат својата сопствена одговорност, да мислат на судбината и на иднината на вашата земја и да покажат доволна мерка на готовност за компромиси, доволна флексибилност за да се вратат кон една средена демократска соработка”, изјави Вестервеле по средбата со Попоски во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.