Претседателот на Социјал демократскиот сојуз, Бранко Црвенковски, ќе се откаже од својата пензија за да ја помогне партијата во време кога ѝ е најтешко. Ова нa прес конференцијата на СДСМ одржана попладнево го соопшти Игор Ивановски, член на извршниот одбор на СДСМ.

“И претседателот на партијата, Бранко Црвенковски, кога на партијата е најтешко, кога сите заедно донесовме одлука водени од државните, а не од личните интереси, донесе одлука својата пензија, која законски ја прима, да ја отстапи за потребите на партијата и за нејзините активности.

– И тој, како и ние, како и градоначалниците и советниците, е дел од носителите на партиски функции кои нема да дозволиме личниот да биде над партискиот и државниот интерес. Ќе се жртвуваме, но тоа е најмалата жртва и ќе продолжиме до крајната цел, а тоа е да се смени централната власт”, соопшти Ивановски.