Најбогатите Американци донирале 3,4 милијарди долари за хуманитарни цели во текот на 2013 година. Од нив, најголемите донации ги направил основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг заедно со својата сопруга, кои дале 992,2 милиони долари во хумани цели.
Сопственикот на „Најки“, Фил Кнајт во 2013 донирал 500 милиони долари, додека поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, вкупно 350 милиони долари.
Најмногу пари од донациите се одлеале во универзитетите.