На петтото продолжение од 85.седница на Собранието, пратеничката Цветанка Иванова рече дека атмосферата е чудна и дека пратениците од мнозинството не сакаат да дебатираат за законите.
– Што е причината? Денеска поминавме и не расправавме за закони од областа на здравството, од областа на земјоделието, вчера од областа на културата, пред некој ден од областа на финансиите, пратениците од парламентарното мнозинство молчат! Навистина човек нема предизвик затоа што глува е атмосферава во ова Собрание. Ова што се случува овие денови во Собрание за мене е демонстрација на сила, ако сакате и дрскост на парламентарното мнозинство и на Владата. Со порака, еве никого не слушаме, можеме на една седница во еден миг да смениме 115 закони. Меѓутоа испраќаат и друга порака, дека Собранието е само една гласачка машинерија, која мора да потврди се што Владата и поднела – рече Иванова.
*Целиот говор во видеото…




