Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ – Центар за слобода /  Меѓународна конференција: Четири години агресија — Украина, отпорот и одговорноста на светот

0
By Zoran Ivanov on February 24, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 24, 2026 09:31

Денеска, на 24 февруари 2026 година, точно четири години од почетокот на целосната руска воена агресија врз Украина, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира меѓународна онлајн конференција со наслов: „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот“.

Овој меѓународен настан се одржува во рамките на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI) и програмата Вестминстерска алијанса за Украина (WA4U).

Конференцијата се емитува во живо на Јутуб каналот и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, со почеток во 17:00 часот. Во неа учествуваат аналитичари, дипломати, новинари, креатори на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко.

Работен јазик на конференцијата е англискиот.

Декларација: повик за одговорност и акција

Во пресрет на конференцијата, организаторите ја објавија Декларацијата за отпорот на Украина и одговорноста на светот, која е отворена за поддршка од организации, медиуми, академската заедница и поединци.

Декларацијата јасно порачува дека Украина не е само жртва, туку и фронт на глобалната борба меѓу демократијата и авторитаризмот. Основачите на Иницијативата бараат мирот мора да биде праведен и заснован на меѓународното право и истакнуваат дека одговорноста за воените злосторства не смее да биде компромитирана. Меѓу другото, во Декларацијата се констатира дека дезинформациите и хибридните закани се директен напад врз демократијата. Во трите стратешки документи што ја придружуваат Декларацијата, особен акцент се става на потребата од долгорочна поддршка — во одбраната, културата и обновата на Украина, како клучни столбови на отпорот и иднината.

Три тематски секции на Конференцијата: реалност, невидлива војна и избор

Програмата на конференцијата е структуирана во три тематски целини:

Реалност: Украина и обликот на војната денес
Фокус на воената и политичката реалност, улогата на Украина како фронт на глобалната борба и цената на отпорот.

Невидливата војна: Дезинформации, хибридни закани и „лажен мир“
Анализа на пропагандата, „двете страни“ наративите и нормализацијата на авторитарни влијанија.

Избор: Што мора да се брани — и од кого
Дискусија за одговорноста на институциите, медиумите, граѓанското општество и граѓаните.

Меѓу говорниците се истакнати експерти и јавни личности од Украина, Германија, Велика Британија, Франција, Литванија, Италија и САД, а ќе биде вклучено и специјално видео обраќање од амбасадорката на Украина во Северна Македонија.

Украина е огледало на светот

Организаторите нагласуваат дека ова не е комеморативен настан, туку повик за јасна позиција.

Украина денес е повеќе од жртва на агресија — таа е огледало во кое се гледа подготвеноста на светот да ги брани слободата, демократијата и човечкото достоинство.

Извор: ЦивилМедиа.мк

4 години агресија руска Украина Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.