Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦивилМедиа: Интервју на Џабир Дерала со екс претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски

0
By Zoran Ivanov on December 6, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 6, 2025 17:15
  • Треба да се постави прашањето за политичкиот и стратешкиот легитимитет на елитите кои во моментот нѐ водат
  • Вицепремиерот не крие дека работи за „српски свет“ и експлицитно против НАТО и ЕУ
  • Безмилосно остра дијагноза за безбедноста, одбраната, капацитетите, политичката волја и правецот на државата

Џабир Дерала

 ЦИВИЛ: Како ја оценувате состојбата со хибридните закани во 2025 година со кои се соочи Северна Македонија? Кои се најопасните форми на политички, медиумски и безбедносни влијанија кои ги гледате во денешно време во поглед на нашата земја? И конечно, како ја оценувате позицијата или ставот дека Северна Македонија од таргет на хибридните закани и хибридните напади полека станува прокси држава на руските интереси, на руско-српските интереси во Западен Балкан?

ПЕНДАРОВСКИ: Кратко и јасно. Македонија е одамна прокси држава. Не е само транзиторна држава или држава реципиент на пропагандни вести, на лажна пропаганда, на хибридни закани, и тоа се одвива минимум во последните 7-8 години.

Значи, ако ја дефинираме улогата на нашава држава, во тој пајплајн, како го нарекуваат, во тој канал, кој почнува од Москва, па преку регионални проксии се проширува и на останатите, ние сме еден од подизведувачите на главниот регионален подизведувач на руски свет. Значи не сме само реципиенти, приматели на такви вести или обични дисеминатори.

Во Македонија постојат сериозни политички структури, да не зборувам за безбедносен контекст, меѓутоа политички структури кои мислат дека клучните вредности кои ги пропагира идеологијата наречена руски свет се подобри за нас, отколку клучните вредности на евроатлантската алијанса и НАТО алијансата, посебно каде што сме членки формално од 2020 година.

Од тој аспект, ние можеме сега да разговараме – се разбира, ако се согласуваме како држава со оваа дефиниција – за контрастратегиите наспроти таквите влијанија. Меѓутоа, ако велиме дека сме или – тоа е мојата теза – дека ние полека стануваме и сокреатори на дел од тие главни тенденции кои доаѓаат од северот кај нас, тогаш треба да се постави прашањето за политичкиот и стратешкиот легитимитет на елитите кои во моментот нѐ водат. Ние почувствувавме поголем наплив на пропаганда која доаѓа од тој концепт наречен руски.

Инаку, рускиот свет е стара една идеја, сигурно датира од некаде од почетоците на претходниот век, меѓутоа формално на ниво на концепт се оформува и се поддржува од руската држава, од врвот на руската држава, на Руската Федерација од 2007 година. Тие формираа фондација наречена „руски свет“ и тоа интересно коинцидира со таканаречениот историски говор на Путин на Минхенската безбедносна конференција и истата таа 2007 година во која најави дека жестоко ќе се борат против она што тие го перципираат како униполарен свет, велејќи дека не може една држава, мислејќи на Америка, да диктира што другите ќе прават и растот после тоа… Тоа е долга дебата, да не ја шириме на таканаречените суверенистички партии и политичари, па и тука во регионот, а особено во западниот дел од Европа.

Значи, не е ново. Меѓутоа во моментот кога бевме ние во предворјето да влеземе во НАТО алијансата, по потпишувањето на Преспанскиот договор, кога беше иминентно нашето влегување во алијансата, тогаш нагло се зголеми интензитетот на руската пропаганда повторно преку регионалните проксија тука и јас тврдам дека во септември кога имавме референдум за името, дека во тој период имавме најголем наплив или интензитет на напади по таа основа, по таа оска да ја наречам. Јас сум го кажувал тоа и порано јавно.

Значи, во предвечерието на референдумот за името, кое беше на 30-ти септември 2018 година, над 30 веб страници беа наменски формирани на територијата, да емитуваат на територијата на Македонија, со тоа што имаа сите тие триесетина имаа многу слични имиња со веќе постојните портали, мала измена, точка, запирка, додаток напред, при крајот на името.

Потоа откога влеговме, тој интензитет се намали, бидејќи влеговме внатре и станавме дел од информативниот систем и размена на информации со другите НАТО сојузници.

А со почетокот на руската инвазија 2022 година во Украина, дополнително се намали изворната содржина на рускиот свет и останаа само тие рецидиви на регионалните прокси играчи, затоа што комплетната руска машинерија во рамки на тој концепт се насочи кон обидите да контрира на западната наратива за она што тие го прават во Украина.

Значи, сите ресурси беа дадени да се покаже дека се работи за легитимен интерес на руската држава, а не за една апла инвазија врз друга суверена држава. Впрочем, сите гласања во Обединети нации на таа тема покажуваат дека над две третини, значи над 70% од сите членки на Обединетите нации, значи, практично целиот свет, со огромно мнозинство јасно ја дефинира руската инвазија како нелегална.

ЦИВИЛ: До која мера Србија е закана за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, на регионот воопшто и исто така во тој контекст и во однос на нашата земја? И ако погледнеме како се одвиваат односите меѓу двете земји, тоа е практично една братска држава во која не може да се гледа класична закана. Меѓутоа, како однесувањето на Србија како држава и српскиот политички врв се однесуваат во релација на безбедноста и стабилноста на регионот воопшто? Па тука припаѓаме и ние и се разбира прашањето е дали е тоа само политички проект или е дел од една поширока поопстојна стратегија која произлегува од Москва? Колку е тоа различно, колку е тоа споено и е координирано?

ПЕНДАРОВСКИ: Една реченица околу последнава теза, колку е тоа исто, колку е различно. Генезата на настанување на рускиот свет е не само временски, но пред се временски различна од настанувањето на тој концепт кој го дефинираме како српски свет. Со други зборови кажано, концептот на српскиот свет влегува во претходно одамна поставените постулати на рускиот свет и се обидува да ги оствари своите национални интереси што е легитимно.

Тоа не се прави руски свет денеска, а од понеделник ќе правиме други помали светови кои ќе ја туркаат нашата агенда. Тоа е стратегија која многу помали држави ја правеле низ историјата. Најдобро е на пример кога се осамостојуваше како држава 90-тите, тоа го правеше Хрватска, Словенија и ние го правевме. Најдобро е ако можеш твоите национални аспирации за посебна држава, за независна држава, ако можеш да ја вклопиш во големите планови на големите држави, зашто самостојно не можеш да дојдеш до независноста.

Српскиот свет е понова рожба, така да кажам, понова рожба е. Меѓутоа, јас сега во однос на влијанието на руско-српскиот свет во регионот имам една сосема поинаква дефиниција од она што е мејнстрим досега. Јас тврдам дека од Србија, прашувате конкретно за нивното влијание во регионот, јас тврдам дека од Србија нема никаков притисок или заложба експлицитна за ние како држава влеземе во тој свет.

Јас тврдам дека нашите политички гарнитури, не сите, се разбира, некои и до одреден степен, сакаат самите да бидат дел од тој свет. Гледајте, за да ја поткрепам последнава теза, има и низа, има серија конкретни потези од наша страна кои тоа го покажуваат, меѓутоа најсоголено кажано, кои се тие неколку димензии на рускиот свет, ако сакате и на српскиот свет. Во рускиот свет спаѓаат етничките Руси, оние кои зборуваат руски јазик, а не се етнички Руси и верниците на Руската православна црква. Пренесете го тоа во регионален контекст, етнички Срби, српски јазик, Српска православна црква. Во Македонија доминантниот народ не се Срби, туку се Македонци. Ние имаме посебна црква, македонска православна, не сме на ниеден начин дел од српската православна црква, иако имаше и такви заложби на времето, среќа отпаднаа, како историски анахронизам, неповрзани со конкретната реалност на терен и овдека иако имаме заедничко искуство од Југославија, многу мал број од Македонците, особено помладата генерација, зборува српски јазик.

Значи, ги немаат тие базични културолошки претпоставки или етнички за вие да бидете по дефиниција, или се очекува да бидете дел од српскиот свет, Тогаш зошто ние се повеќе и повеќе среќаваме во релевантни европски извештаи дека Македонија, Северна Македонија, станува дел од, има декларација, има резолуција на Европскиот парламент која нѐ спомнува токму во тој контекст пред два месеци, изгласана со огромно мнозинство. Затоа што постои политичка гарнитура, не комплетната се разбира, меѓутоа значајни чинители во рамки на таа гарнитура кои сакаат да бидат дел од тој свет. И конечно ако имате потпретседател на влада кој не крие дека работи за интересите на тој свет и дека е експлицитно против НАТО и Европската унија, вицепремиер на влада, вие не можете да тврдите дека тоа е некој политичар на маргини кој нема никакво влијание во оформувањето на круцијалните стратешки политики на нашава држава. Значи, на многу места може да се детектира дека практично вие велите да ние сме членки на НАТО, меѓутоа, де факто, сакаме да бидеме дел малку и од овој другиот свет. Тоа не се случуваше до 2024 година.

Не зборувам сега за популацијата во целина, зборувам за политичката елита која секој пат и секаде во било кој историски период ги предодредува магистралните правци по кои треба да оди една нација и една држава.

Не може да очекувате вие од обичниот човек не знам кој работи, кој крпи едвај од први до први, да ви постави магистрален правец, да рече Македонија од денес па наредните 50 години ја гледаме таму вкотвена, туку тоа е работа на оние кои ги бираат луѓето да ја водат државата.

Кога водиш треба да знаеш каде водиш и зошто водиш, не само за да бидеш некаде. Ние не отидовме во НАТО затоа што беше модерно или затоа што ај сите прават така, него затоа што имаме конкретна придобивка.

Инвазијата руска во Украина покажува дека е одлично што на време, да кажам во наводници, и преку време дури подоцна по мене, меѓутоа сепак на време го фативме последниот воз да влеземе во алијансата. Инаку да бевме сами, сега во оваа ситуација, во овие силни геополитички бури кои дуваат низ континентот, не знам колку ќе бевме и од безбедносен аспект стабилни.

Сопственик на текстот е ЦивилМедиа.мк

 

Дерала интервју Пендаровски Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.