Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да беа историските спорови критериум, ЕУ ќе имаше нула членки

0
By Нова ТВ on November 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 19, 2020 14:02

„Добри вести за сите кои се противат на проширувањето на ЕУ со шесте земји од Западниот Балкан: по бугарското вето на почетокот на преговорите со Северна Македонија во вторникот, се поизвесни се изгледите дека ќе дојде до целосно запирање на процесот, а она што ќе остане ќе ја загуби и онака веќе малата веродостојност“, наведува германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) во денешната анализа насловена „Единствената историска вистина”.

Бугарија сега воведе едно ново, неофицијално Поглавје во ЕУ преговорите: потчинување на земјите-кандидати за историски и јазични прашања, наведува весникот, и објаснува дека за да почне со преговорите Северна Македонија треба да „признае“ дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, а македонскиот национален идентитет има бугарски корени.

„Водечките бугарски историчари и лингвисти залудно го критикуваат ова државно читање како премногу поедноставено. Бугарите и Македонците можат на оваа тема да се расправаат до бесвест (и тоа без присуство на преведувач), но политички се работи за многу повеќе од само научни финеси:
Клучното прашање, имено, гласи, дали согласноста за историски, лингвистички и идентитетски спорови треба да биде услов за да се почнат преговори за членство и само доколку тие се решат да биде можно членство во ЕУ.

Можат ли државите да наметнуваат обврзувачки историски наративи, како што сака бугарската? Не е ли работа на академската наука, во слободна дебата преку ставови и контра-ставови да се истражува?

Еден заклучок е очигледен: Да беше единството во историските спорови критериум за членство од поодамна, ЕУ ќе имаше точно нула членки.
Германија и Франција во 1957 беа согласни за иднината, но имаа тешкотии за сите аспекти од минатото.”

Ни Грција не го негираше идентитетот

Историските факти се толку комплексни, и тешко дека може да има само една перспектива за нив. Фактите може да бидат и недвосмислени, но нивното толкување не е и, згора на тоа, подложни се на постојани промени. Масакрот во Доксато и другите злосторства извршени од Бугарија за време на Втората светска војна во северна Грција и Македонија се примери за тоа. Уште помалку од историјата е можно националните идентитети да бидат утврдувани со декрет од државите. Затоа поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во „спорот за името“ со Македонија што беше решен во 2018 година призна дека за македонскиот јазик и идентитет не може да се преговара“, пишува ФАЦ.
„Конфликтот меѓу Бугарија и Северна Македонија, барем во неговите последици, не е само некаков страничен спор на историчари на периферијата на Европа. Особено во регион како Балканот, кој има тенденција да ги преценува историските прашања, се работи за многу повеќе отколку за некој одамна заборавен спор во некоја далечна година. Доколку стане пракса за членките на ЕУ од Југоисточна Европа да им наметнуваат историски погледи на нивните соседи од Западниот Балкан, тогаш процесот на проширување може веднаш да биде запрен.

Затоа што територијата на „спомените“ на Балканот е уште потемелно минирана отколку во другите делови на Европа. Обидите да се усогласат овие наративи ќе резултираат со вистинска фиеста на вета“, пишува ФАЦ и ги набројува спорот на Грција со Албанија околу историскиот регион Епир и муслиманското малцинство Чами; потоа блокадата на Романија врз Србија од 2012 поради влашкото малцинство; можноста  Унгарија да ја блокира Србија поради Војводина, како и Хрватска поради различниот историски наратив за војните од последниот век.

„Заклучок: Процесот на проширување на ЕУ, кој веќе го напушти Турција, де-факто остана само за земјите од Западниот Балкан. Доколку тој се обремени со историски проблеми, тогаш тој е мртов“, заклучува ФАЦ.

извор: dw.com/mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.