Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се биде типичен Македонец, зарем не е најлесно?

0
By Биљана Секуловска on May 21, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 21, 2016 10:48

 

Власта е посилна од кога било. Со враќањето на старата влада и селективната аболиција, таа е вечна. Таа не чекори, туку гази врз секој, врз сите и потоа нежно ги дроби, полека, секое, дури и најситното ковче, секоја, дури и најцврстата жила да попука, да се изедначи се со пепел и прав и никогаш повеќе да не никне. Најмалку цветот на Шарената револуција, оние цвеќиња кои им ги даваат демонстрантите на полицајците. Е, да, но чија е оваа приказна?

Тоа е таа приказна која Груевски и неговите луѓе повторно сосила ја цедат во сечие уво, ја пикаат во најтесното грло, сосила во сопствените, кои одбиваат да голтнат дури и плунка, плашејќи се да не се задават од стравот кој ги  гуши цела година.

За ден- два потоа, недела или две, како што досега тоа им се случуваше, со горчина таа бајка за себе што ја сеат ќе ја поплукуваат, раширувајќи го млазот се повеќе, растерувајќи од себе се повеќе свои луѓе, кругот се смалил во меѓувреме и останало силно само јадрото кое само од себе почна да се разјадува.

На Груевски му е забавно да ги дели лекциите за сопствената моќ, особено откако се потпиша со Пржинскиот договор. На секој удар кој го добива, тој веќе одамна ничкосан, се прпелка и испорачува нови удари, најчесто самиот на себе.

Она на што тој се надева, дека ќе му биде простено се, затоа што политичките зделки и преговори се губитнички ако не се добие се, тогаш кога се нема ништо. Залулкан од насмевката на странците, која ако малку се загледа, таа смрзнува, задлабочен во пазарањето- ќе ме снема само  аболицирајте ме, не ја гледа смислата на се што во меѓувреме се изгради. Токму за да го снема, но претходно и за да одговара за се.

Операцијата Бомбите на Заев започна тогаш кога се увиде крајот, доколку тие не распараат сечии уши.

Идејата за Катица Јанева и нејзиниот тим се лансираше токму поради него и неговите луѓе.

Отпорот на Шарената револуција го има на ум него и тие околу него.

Странскиот печат зад Пржино од кој не отстапуваат е треснат и досието никогаш нема да се затвори се додека не стапи во сила се што е потпишано.

Токму затоа, најдоброто што го добивме заради Груевски е Шарената револуција- таму се сите наши и најважни, нема повеќе ваши, бивши, незнајни и незначајни.

Е, сега- што понатаму со таа наша револуција? Има разни предлози и сугестии, особено од разочараните и депресивните, а се движат во насока на опалување на вистинското место на шамарот. Доста беше господска вежба на револуција, викаат тие, дајте сега малку сериозно да се пристапи, никој од власт не си отишол а притоа да се поклони на публиката и да си стави сам лисици, како што е редот во цивилизираните земји. Но, секоја друга варијанта е погубна, крвава и ужасна и јас не ја заговарам.

Веројатно беше Дамјан Груев кога рекол- Подобро ужас без крај, отколку ужасен крај. Или беше обратно? Да, беше, но Груев не бил типичен Македонец, очигледно.

Евтини приказни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.