Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се истражат сомнителните компании заинтересирани за Макпетрол

0
By Нова ТВ on July 8, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за хартии од вредност мора да ја исполни својата улога како заштитник на македонското стопанство и темелно да ги истражи сомневањата дека компанијата што се обидува да го преземе Макпетрол е дел од сомнителни офшор-шеми, едногласни се експертите, објавува порталот Либертас.

Изминатите недели се појавија низа информации и докази за поврзаноста на директорот на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, Василиј Евдокимов, со редица офшор-фирми регистрирани на Кипар и на Британските Девствени Острови.  Покрај ова, името на уште еден контроверзен бизнисме – Ури Бидер, кој учествувал во уништувањето на романската рафинерија „Рафо“, се поврзува со „Балкан Петролеум“, а тој бил виден на последното акционерско собрание на Макпетрол. Ваквите информации, според експертите, мора да го вклучат алармот во Комисијата за хартии од вредност, чија задача е да ги истражи сомневањата и да ја заштити домашната економија од влез на црн капитал од странство.

За универзитетскиот професор Марко Андонов, КХВ има на располагање многу ресурси и начини да ги истражи потенцијалните сомнителни зделки.

„Јас да сум регулатор ќе барам од основачот на компанијата да ми ги даде на увид сите нејзини извештаи. Ова треба да го направи КХВ пред да донесе каков било заклучок во врска со понудата на купувачот. Регулаторот, ако сака, може да открие и многу повеќе од тоа“, изјави Андонов.

Професорот и декан на Правниот факултет, Горан Коевски, во европските земји има искуства кои покажуваат дека улогата на регулаторот е клучна во ваквите ситуации.

во Германија при еден таков обид на американска компанија за преземање на германска компанија, дури и германските власти и политичари се изјасниле: „Не е ова дивиот американски запад за да можете да правите што сакате, на препад да преземате компании. Сепак, тука има друга правна и економска традиција и заради тоа се многу ретки таквите случаи.

Деновиве во јавноста се огласи и поранешниот прв човек на Управата за спречување на перење пари, Ване Цветанов. Тој смета дека финансиските органи во земјава треба итно да се вклучат во целиот случај со Макпетрол.

„Индикаторите за сомнеж за перење пари се целосно исполнети. Ако се погледне стручно на целата оваа состојба, управата е должна да изврши комплетна анализа и е должна, доколку процени, да изврши и блокирање на самата трансакција. Доколку станува збор за одредена фирма која во друга земја влегла во одредени криминални дејанија, во одредени противзаконски дејанија, доколку за таа фирма се водат некакви постапки, управата е должна да го блокира тој процес на преземање на Макпетрол, бидејќи може да дојде до сериозни последици за македонската економија, вели Ване Цветанов“.

Во меѓувреме, Комисијата за хартии од вредност сè уште не се изјаснува околу обидот за преземање на Макпетрол од сомнителните странски инвеститори, како и околу обвинувањата од Макпетрол дека „Балкан Петролеум“ ги контактирал акционерите и пред да ја достави јавната понуда, со што го прекршил законот.  

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.