Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се најежиш сто пути од прва, малку е …

0
By Zoran Ivanov on July 15, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 15, 2026 09:39

Кај нас, испадна дека прашакот „вмро“ е многу посилен од фактите и вистината. И да не се лажеме, сето ова што се случува со и во државава е дебело стмулирано и потпомогнато од СДСМ, поточно од раководството на оваа партија после бомбите.

Борче Трајковски

За жал, оваа српскоскопска констатација често ја употребувам во моите написи. Ниту ми беше, ниту ми е сега, а најверојатно ниту некогаш ќе ми биде јасно, со која идиотска бактерија човек треба да биде попрскан, заразен, за да избрише ФАКТИ за кои не му требаа дополнителни докази, истраги, обвиненија, пресуди? ФАКТИ за кои не му требаше ни СЈО. ФАКТИ кои откако се појавија во јавност, наместо ШАРЕНА, требаше да предизвикаат булдожер и трактор револуција, копачи, ашови и мотики, српови, чекичи и стапови, за да им се пресуди по брза постапка на апашите од прва класа, и да се изолираат во минираните ливади на Криволак за со стапчиња да бараат неексплодирани нагазни и ракетни боеви глави од времето на ЈНА. Боси, разбира се…

“Пенкалото“ произведе кампови и театарски шоуа пред владата која требаше да се исшутира, го произведе СЈО, а СЈО произведе издржани обвиненија со релевантни дополнителни докази од бомбите, за оноа за што на иоле паметен и трезвен човек, не му требаше. Не му требаа дополнителни докази за да апашите на сопствената држава и сопствениот народ ги депоратира на Криволак, а како што гледаме, читаме и слушаме, улогите се сменија. Неверојатно ама вистинито…

Луѓето кои требаше да бидат зад решетки, сега се најгласни во оцрнувањето на СЈО, во отворените напади за криминал во СДСМ, и од различни ама комотни позиции во власта испраќаат совети до новоизбраниот државен обвинител, за тоа, што прво треба да направи за да веднаш биде разбран дека е правичен и народен обвинител, дека прво треба да ги уапси Заев и тајфата, да го обвини Венко и дружината. Да, драго мое мкд пучанство, Милошовски звани Хер Флик, Николовски звани Лигња, Латас енд Сител компани, платените кретенчуги од АЛфа ТВ, со типците како Сотка, Ники, Златев, Чашуле, Богдан, Кикифрикиевци и други од најлажното патриотско крило на ДПМНЕ, се најгласни против СЈО, против Ленче, против Гаврил, против сите кои четири години не само што собираа туку собраа плус докази од оние кои ги слушнавме во бомбите, ама благодарение на Сваровски судството за малку предмети успеаја да издејствуваат правда. И тука морам да го цитирам Фалконе, вика вака:

“Штом власта и владините подржувачи жестоко напаѓаат обвинители и судии, бидете сигурни дека и обвинителите и судиите се на вистинскиот пат!“

Кај нас, испадна дека прашакот „вмро“ е многу посилен од фактите и вистината. И да не се лажеме, сето ова што се случува со и во државава е дебело стмулирано и потпомогнато од СДСМ, поточно од раководството на оваа партија после бомбите. Одговорете си само на едно прашање и продолжете да молчите: “Што ќе се случеше со бомбите ако Груевски, таа вечер во неговиот премиерски кабинет ја прифатеше понудата на Заев да поднесе оставка од премиерската позиција во замена да не се објавуваат бомбите, и државата да оди на вонредни избори?“, или, “каде ќе беа апашите како Лигњата и Хер Флик, ако Ковачевски не го сменеше кривичниот закон?

Ниту ќе имавме СЈО, ниту Заев и СДСМ ќе беа на власт 7 години, (ДПМНЕ и Груевски ќе победеа глатко, затоа што победија и после бомбите). Ќе се чекаше некое ново сваровски судство и обвинителство за врвна заштита на најголемите апаши од ДПМНЕ, па да је препуштат власта на СДСМ за овие да го потпишат Преспанскиот договор, а овие, повторно да ги победат на избори со кампања за велепредавство на тој договор, кој, замислете, никогаш немаше да се случи ако нивните 8 пратеници не гласаа за промена на името, за сега,грандиозно да победат на избори на мантрата дека договорот за кој гласале ќе го направат ништоивен, неважечки, дека ќе го избришат Северна од Македонија. Ебиго друже судија, мнозинството од мкд пучанството им верува и шиба позади нивните опашки занесени во смрдеата која ја испуштаат најапашките шупаци, и ја впиваат како опиум кој ги седнува во првата биртија и кубат влакна од груди, викајќи “Никогаш Северна, само Македонија!“, “Врати се Грујо, ти вративме се’ што ни украде!“…

Да се најежиш сто пути од прва малку е бре другарки и другари са Бихаќког Комитета. Вашите симпатизери не се влечат позади вашите опашки и не се дел од мнозинството на мкд глупоќата. Поработете на тој проблем, ако сакате да ве биде, или, ќе останете другата страна на истата апашка паричка…

И сеа некој ќе праша: А чаре бе Боки?

Хе, ако си слеп при очи и глув при уши, ако си глуп, ондак, какво чаре бараш…?

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Борче Трајковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.