Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се потсетиме и сериозно да се вознемириме!

0
By Zoran Ivanov on December 22, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 22, 2025 08:10

Пратениците од вмро-дпмне и коалицијата изгласаа закон за изменување и дополнување на законот за странци,Службен весник на република северна македонија, број 193 од 18.09.2025. Ова тврдење во јавноста помина тивко и покрај тоа што евидентно е поврзано со потпишани стратешки договори за стратешки проекти, познати на јавноста но во законот не постои ограничување законските одредби да се применуваат и на стратешките договори поврзани со најавените 8.000.000.000 милијарди од Велика Британија.

Тито Беличанец

Во крсткиот опис на предлагачот на законот стои:

“По констатираните неусогласености на постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, содржана во Законот за странците и обврските преземени согласно одредбите од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 д во РСМ во делот на ангажирање/вработување на лица-странци како работна сила, но воедно и поради сложеноста и обемноста на документацијата која е потребна во постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, согласно одредбите од Законот за странците, изготвен е предлог текст за измени и дополнувања на Законот за странците.”

Реагираше само СДСМ. При тоа Кузеска со право јавно тврди дека овие измени и дополнувања на Законот за странци се извршени за потребите на склучените стратешки договори и за стратешки проекти. (Извор: Трибина.мк, 19.12.2025)

Ова тврдење во јавноста помина тивко и покрај тоа што евидентно е поврзано со потпишани стратешки договори за стратешки проекти, познати на јавноста но во законот не постои ограничување законските одредби да се применуваат и на стратешките договори поврзани со најавените 8.000.000.000 милијарди од Велика Британија.

Што е клучно во овие измени на кои со прави укажува Кузевска:

“Олеснување на постапките за добивање на дозвола за привремен престој на странец по основ на вработување и, внимавајте, особено за оне кои работат на стратешки проекти и доколку има стратешки партер.

Клучни се членовите кои се изменети, Член 83, Член 85, Член 86 и член 90.

Во член 83 се воведуваваат неколку „исклучоци“ со кои полесно ќе се добива дозвола за странец односно економски работници кои работат на стратешки проекти и со стратешки партнер.

Став 1. Цитирам: По исклучок, привремен престој заради работа ќе се одобри и на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, независно од искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во Република Северна Македонија, односно без издавање на мислење од страна на Агенцијата.

Став 3: „За странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, се издава потврда дека правниот субјект е со статус на стратешки партнер каде работи странецот. Потврдата дека правниот субјект е со статус на стратешки партнер каде работи странецот, ја издава Министерството за економија и труд…”

“…Член 85, став 5: „Од одребите исклучок привремен престој заради вработување се одобрува со приложување само на Договор за работа и образложение за потребата на работното место“

“…Во член 90 став 9 се воведува нов исклучок со кој се зголемива временскиот период а пресој во Македонија кој може да биде со децении…”

„По исклучок од одредбите на овој член, странец ангажиран во правен субјект со статус на стратешки партнер може да биде упатен на работа во Република Северна Македонија во периодот на имплементирање на проектот, но не подолго од една година, со можност за продолжување на привремениот престој.”.

Ова значи дека периодот на имплментација на проектот може да биде десетици години ако е за голем проект како желеница, брана и друга инфраструктура. А тоа значи дека може рокот може да се продолжува во недоглед.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

 

 

 

клумна Тито Беличанец ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.