Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се жигосаме на чело дека сме Македонци, Албанци

0
By Биљана Секуловска on February 20, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 20, 2021 10:21

Се разбира, иако има жестоки несогласувања околу впишувањето на етничкиот идентитет во личните карти, не би требало да има дилеми дека тоа е повеќе од одличен концепт за се поголемата иднина на оваа земја.

Додека светот одамна се обидува да ги сруши границите, да ги запечати етничките поделби, да стави крај на расните закрвувања, да се заборават препукувањата за сексуална поделба, ние не знаеме ништо подобро, не знаеме да станеме никогаш поголеми.

Се повеќе и повеќе се смалуваме, атрофираме и се топиме, се повеќе стануваме политички џуџиња- колку што станува желбата наша се поголема, да станеме џинови на политичката ретардираност.

Каков е тој божји дар кој го носиме како крст, да не знаеме ништо повеќе, од тоа да се вратиме наназад во вековите и да се зациментираме и мумифицираме во глупоста, која граници нема, која станува нашето средно име.

О, да, дури и племенските гозби понекогаш попуштаат, кога ќе се препнат низ дивините и ќе се срушат по пештерите, затоа што некогаш, ненадејно доаѓаат и такви моменти на отфрлање на се што ве затуцува, ограничува и прави жигосан. Доаѓаат денови дури и кога племето се опушта, и не му е важно именувањето, определбата, на која историја припаѓа, затоа што решава дека треба конечно да почне да и се поклонува на иднината.

Ви велам, одлично решение е да се запишеме кои сме и што сме, во личните карти, затоа што иднината од тоа ни зависи, ако се погледне низ историјата. Сите војни, поделби, омраза, Холокауст, гасни комори, крвопролевања, протерувања, геноциди, сето ова било потпишано со крв од оние кои инсистирале да се обележат етничката определба, религиската, расната. Најпаметните во оваа земја можеби и ќе се потпишат на чело, ќе се жигосаат- дека се Македонци и Албанци, или што и да се според Уставот.

За нас останатите, кои одбиваме да се обележиме етнички, може да побараат графа во која ќе стои определбата будала- за да се знае на што сме се согласиле, кога сме им дозволиле да опстанат како политички партии, лидери, на земјата, која ја направија толку мала и толку жалосна, што станува неподносливо.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.