Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дачиќ: Ликвидиран убиецот на полицаецот во Лозница

0
By Marija Todorovska on July 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 19, 2024 14:53

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Србија Ивица Дачиќ изјави дека убиецот на полицаецот во Лозница,  е ликвидиран, пренесе Глас на Америка на српски јазик.

Припадници на полицијата го убиле убиецот на полицаец во околината на Лозница“, изјавил Дачиќ, соопшти МУП, а пренесуваат медиумите, притоа, не соопштувајќи го идентитетот на убиецот.

За потсетување,  ноќта меѓу средата и четвртокот во Лозница, еден полицаец е убиен, додека друг е тешко ранет, а припадниците на МВР нашле косовски пасош на осомничениот по име  Артан Хајризи (1991) и германска лична карта на местото на злосторството.

Претходно, властите на Србија најавија потрага по косовскиот граѓанин Артан Хајризи, бидејќи тврдат дека на местото на настанот биле пронајдени неговиот пасош издаден од Република Косово и неговата лична карта издадена од Германија.

За овој случај досега се уапсени три лица.

Според косовските медиуми, главниот осомничен, самиот Артан Хајризи дал бројни изјави за косовските медиуми во кои тврди дека неговиот брат Фатон Хајризи му ги украл личните документи.

Онлајн весникот Reporteri.net го обезбеди документот за случајот што во четвртокот го отвори Артан Хајризи во полицијата во Хановер, за губење на лични документи, кои според српските власти биле пронајдени на местото каде што бил убиен српски полицаец,  а негов колега бил ранет во Лозница.

Според косовските медиуми, Артан Хајризи вчера отвори случај во полицијата во Хановер за губење на лични документи: лична карта и пасош издадени од Република Косово и германска дозвола за престој.

Косовскиот премиер Албин Курти повика да не се политизира овој случај. Курти рече дека нема повеќе информации од она што е објавено во медиумите, во врска со тврдењата на српските власти дека државјанин на Косово бил вмешан во убиството на полицаец во Србија.

Извор: Цивил Медиа

Дачиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормускиот теснец ќе биде отворен штом ќе се потпише…

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.