Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска е во посета на Македонија.
Според предвиденото тој треба да се сретне со премиерот Груевски, а потоа да се обрати на свечена академија по повод Свети Сава – празникот на српската заедница во земјава.
Посетата на Дачиќ доаѓа во интересен политички момент и во Србија и во Македонија, бидејќи и во двете земји, иако неофицијално, владејачките гарнитури се подготвуваат за предвремени избори. Сепак, Србија поради историскиот договор со Косово и завршената дамашна задача минатата седмица официјално ги почна преговорите за членство во ЕУ.
Од друга страна, Македонија освен прашањето со името, проблеми со кои се соочува, потенцирани и од Брисел, се слабиот политички дијалог, слободата на медиумите, независноста на судството.




