Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дачиќ: Македонија е проблем за ОБСЕ, регионот и Србија

0
By Нова ТВ on May 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 22, 2015 13:58

Според српскиот министер за надворешни работи и претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).Ивица Дачиќ, политичката и безбедносната криза во Македонија е проблем за ОБСЕ, но и за целиот регион, вклучувајќи ја и Србија.

– Кога пред три месеца бев во Македонија, веќе тогаш се гледаа знаци на криза. Овде постојат два вида проблеми, политички и безбедносни, кои не можат да се одвојат поради тоа што постои судир на власта и опозиција, но и помалку изразени меѓунационални судири. Појавата на терористички банди и човечки жртви е доста опасна, вели Дачиќ во дебатата на РТС.

Поранешниот премиер на Србија вели проблемите во земјава можат да се решат само со политичка волја и европска перспектива.

– За 20 години ЕУ не организирала ниеден состанок на тема Македонија, додека истовремено Косово е постојана тема, иако постои поголема опасност од натамошниот развој на настаните во Македонија, на која Србија ѝ посакува стабилност, изјави министерот на Србија, кој смета дека Меѓународната заедница носи одговорност за кризата во Македонија.

Запрашан зошто европските претставници избегнуваат да го дефинираат вооружениот судир во Куманово како терористички акт или етнички судир, Дачиќ смета дека постои желба кај европските политичари на Балканот да се создаде граѓанско општество, што според него воопшто „не е лесно“.

Во дебатата учествуваа и македонскиот политичар аналитичар Сашо Орданоски и српскиот надворешно политички коментатор Бошко Јакшиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.