Премиерот на Србија Ивица Дачиќ кој воедно е и министер за внатрешни работи истакна дека парада на гордоста ќе има совен ако нема закана за опасност повторно да дојде до проблеми.
„Државата ќе се бори против тоа“, истакна Дачиќ. Безбедносната проценка за одржување на Парада на гордоста според законот може биде направена 24 часа пред самиот настан.
Тој додаде дека никој не смее и не треба на оние, кои одат таму да се тепаат за време на Парадата да им се наметнува систем на вредност дека треба да бидат горди на тоа.
„Јас сум министер за внатрешни работи, ние наредуваме и носиме одлуки а не одобруваме собири. Тие нека го организираат својот собир, никој тоа не им го забранува, а проценката може да ја направиме според закон во рок од 24 часа пред одржувањето“, рече Дачиќ.