Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во недела доаѓа на дводневна посета на Република Македонија.
Според српските медиуми, Дачиќ ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Двете страни ќе разговараат за актуелната состојба на билатералните односи и перспективите за нивно натамошно унапредување, како и за актуелните меѓународни теми.