Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали деценискиот спор за името е пред финишот?

0
By Нова ТВ on September 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2013 13:01

Се подготвува нешто сериозно или спорот за името е на маргините на Генералното собрание на ООН? Дел од експертите кои ги консултираше НОВА сметаат дека кај македонскиот државниот врв постои расположение да се прифати компромис за името, другите велат средбата Филе-Нимиц е само формален дел од годинешното светско собрание. Познавачите на состојбите проценуваат работите се придвижени, финалето ни е пред очи.

Малески: ЕУ е неподобна за посредник за името

„Ако комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе одлетал специјално на средба со посредникот на ОН, Метју Нимиц за да разговара за името тогаш се подготвува нешто сериозно“, вели за НОВА, Денко Малески, политички аналитичар и прв министер за надворешни работи на Македонија.

Сепак според мене, смета Малески, тој е таму на Генералното собрание на ОН и на тој годишен политички панаџур, каде се изложуватт продукти на државите од целиот свет, тој имал средба со Нимиц и ништо повеќе од тоа.

Филе кај Нимиц – како да се реши името?

На прашањето колку Европската унија може преку своето влијание да го забрза процесот за решавање на спорот за името, Малески со одговор:

„Проблемот со ЕУ е тоа што тие и судат и тужат. Значи организаијата е неподобна за посредник. Колку и да се трудат другите земји, фактот дека Грција има право на вето кажува доволно. Ниту еден политичар, ниту една земја нема да се замерува со земја-членка на ЕУ“, изјави за НОВА, Малески.

Трајанов: ЕУ треба понепосредно да биде вклучена во процесот

Претседателот на Демократскиот сојуз, во Студио на НОВА вчера истакна дека кај македонскиот државниот врв постои расположени за да се прифати компромис за името, „се знае во насока да не го загрозува нашиот национален идентитет“.

„Не ги поддржувам скептиците дека процесот е закочен, тој се движи. Имаме раздвижување на целиот процес. Од најтврдиот став на Грција дека нема да прифати име во кое што е содржан зборот Македонија, тие по долго време сепак тоа го прифатија. Се движат работите напред но факт е дека ЕУ долго време очекуваше решение од ОН“, вели Трајанов.

При последната посета на посредникот Метју Нимиц на Македонија, Демократскиот сојуз побара покрај со државниот врв тој да одржи средба и да ги информира и лидерите на политичките партии.

„Средба немаше, вели Трајанов, но за прв пат Нимиц јавно ги презентираше ставовите и на Грција и на РМ на прес конференција. Сите слушнавме дека ставот на Грција е доста ригиден ерга омнес – за целокупона употреба, но го кажа и пофлексибилниот став на нашиот државен врв дека е за решение“.

Претседателот на Демократскиот сојуз смета дека е потребно се најде решение кое што ќе биде компромис и нема да навлегува во нашиот национален идентитет и да биде основа за да добиеме покана за членство во НАТО и ЕУ.

„И тој процес потоа нека се одвива нека се разговара на пример за потребата за неменливост на границите, зашто Грција главно обвинува дека Македонија има територијални претензии, нека се разговара за обемот на користење на географскиот поим Македонија, за обемот за користење на новото решение, и тие разговори може да траат подолго“, вели Трајанов.

ДС минатата недела поднела иницијатива до еврокомесарот Штефан Филе, за ЕК да обезбеди посредник односно работна група која подирекно ќе се вклучи во разговорите меѓу Македонија и Грција и ќе предлага идеи со коишто ќе се откочи процесот. Тие сметаат дека ЕУ треба понепосредно да биде вклучена во процесот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.