Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали ДУИ го спасува ВМРО-ДПМНЕ со блокада на законот за ЈО

0
By Нова ТВ on February 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 14, 2020 13:28

Неразбирливото прекинување на вчерашната седница за законот за јавно обвинителство од спикерот Талат Џафери, на само неколку дена пред планираното распуштање на Собранието, уште еднаш ги покажа комплицираните односи меѓу владините партнери СДСМ и ДУИ, без оглед што техничкиот премиер, Оливер Спасовски, претпладнево се обиде да ја смири топката со оценка дека „релациите се коректни“.

Седницата за законот за ЈО продолжи денеска, но неизвесна е нејзината разврска. Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, во изјава за Нова ТВ не сакаше да прејудицира што може да се случи, откако високи функционери на двете партии вчера разменија тешки зборови, вклучувајќи ја и најавата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, за формирање ново парламентарно мнозинство кое ќе организира редовни парламентарни избори. Во она што вчера се случувало во парламентот, Зекири препознава, како што вели, „своевидно обновување на криминалната коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во редовите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ“.

„Тоа што се случи вчера беше класично блокирање на парламентот. ДУИ и спикерот Талат Џафери свесно го одолговлекуваа почетокот на седницата за законот за јавно обвинителство за таа да биде прекината пред да почне. Над 30-тина пратеници беа пријавени за збор. Ние побаравме да работиме и цела ноќ ако треба. Претходно од ДУИ побараа да се усогласи Изборниот законик, но чудно – предлогот не го пуштија во процедура. Дури во седум часот вечерта тоа го направи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Ние бевме подготвени бланко да го потпишеме, само да се спречи блокадата на Собранието“, вели Зекири.

Тој потсетува дека на сличен начин, Џафери го „спаси“ и одземањето на имунитетот на еск претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, што во јавноста, исто така, беше протолкувано како директна соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Како што е познато тоа се случи на 25 февруари минатата година. Вељаноски е осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието на 27 април во 2017 година. Тензичната собраниска седница за одземање на неговиот пратенички имунитет, како единствена точка на дневен ред, по скоро два часа беше прекината од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Седницата беше трипати прекинувана со паузи. Првата ја побара Елизабета Канчевска Милеска, кординатор на групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ги подддржаа уставните промени, со образложение дека информацијата за одржување на вечерната седница ја добиле во 19 часот.

Втората ја побара координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој ги побара стенограмите од репликите меѓу пратениците Антонио Милошоски и Павле Богоевски. Собранискиот спикер даде пауза од 15 минути, а по барањето за притвор требаше да се донесе одлука до 24 часот. По неа, Мицевски побара дополнителни 45 минути на што Џафери ги повика координаторите на пратеничките групи. По враќање во пратеничките клупи, Мицевски процедурално побара и доби збор и во тој момент истече рокот до кога требаше да се гласа за одземање на имунитетот на Вељаноски.

Еден од ретките обвинети функционери на ДУИ е пратеникот и координатор на пратеничката група, Ејуп Алими. Тој се товари за изборни манипулации заедно со Исмет Гури и се главноосомничени во предметот ,,Титаник 3“ на СЈО. Според обвинението на СЈО, тогашниот секретар на Општинската изборна комисија Чаир, Исмет Гури и Ејуп Алими, кој во тоа време бил невработен, ги извршиле кривичните дела по првиот круг гласање за избор на градоначалник на општината во март во 2013 година. Гури, како службено лице во врска со изборите и гласањето, и Алими заедно со други сведоци преправиле над 30 записници за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето од повеќе избирачки места, па на крај самите ги потпишале преправаните резултати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.