Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали грчките археолози се пред откривање на гробницата на Александар Македонски?

0
By Нова ТВ on August 16, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 16, 2014 10:47

Дали грчките археолози се пред откритие на гробницата на славниот освојувач Александар Македонски?

Ископувањето на северот на Грција трае повеќе години. Работата на археолозите беше во еден период прекината поради кризата и недостиг на пари. Но според “Катимерини” археолозите сега се на чекор пред отворањето на гробницата од која ги дели само еден ѕид.

Минатата недела премиерот на Грција Антонис Самарас го посети местото Амфиполис на северот на Грција на стотина километри од Солун и со тоа повторно се отворија шпекулациите дека на ова место археолозите ќе откријат нешто многу импресивно штом премиерот одлучил да дојде.

“Мислиме дека ни требаат две до три недели за да влеземе во гробницата и да изведеме заклучоци”, изјави министерот за култура Костас Тасулас.

Археологот Катерина Перистери, која ги води ископувањата, вели, за агенцијата АФП, дека календарот го наметнува самата работа на археолозите и дека е тешко да се каже кога ќе биде откриена мистеријата на маузолејот, објавува грчката прес агенција Ана.

Самарас изјави дека е сигурен дека археолозите се наоѓаат пред “многу важно откритие” во регионот на централна Македонија која е срцето на кралството на Александар Македонски кој живеел од 356 до 323 година пред Христос.

Прашањето на кое треба да одговорат археолозите е – кој ја имал честа да лежи веќе 2.500 години под импозантната купола висока три метри и заштитена од ѕид од 500 метри? Според хипотезите тоа можеби е Роксана, персиската жена на Александар или Олимпија, мајката на кралот или пак некој од неговите генерали или придружници.

Археолозите претпоставуваат дека гробот е направен по смртта на Александар но не се знае кому тој му припаѓа, вели Перситери.

Историјата вели дека по смртта на Александар Роксана и нејзиниот син биле убиени во 310 пред Христос од страна на генералот Касандра кој потоа ќе стане крал на Македонија.

На врвот на ѕидовите има лавови и две сфинги на влезот кои датираат од 325 и 300 година и тие се доказ дека за “спектакуларниот” споменик, вели Перситери.

Сепак, археолозите признаваат дека се минимални шансите на ова место да се најде гробот на Александар. Најголемата желба на историчарите и археолозите во целиот свет е да го откријат гробот на Александар.

Според експертите, Александар умрел во Вавилон на 32 години и неговото тело било закопано во Александрија во Египет. Но и покрај напорите на експертите, неговите остатоци до денес не се пронајдени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.