Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали изборите во Сирија може да бидат демократски после долго-годишната војна?

0
By НОВА ТВ on April 22, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавени се претседателски избори во Сирија следниот месец на 26 мај, но многумина се скептични околу колку всушност може овие избори да се демократски. По 10 години од граѓанската војна во Сирија во која беа дирекно или индиректно вклучени различни светски сили како САД, Русија и Турција, во мај треба да се случат избори по втор пат за време на војната.

Хамуда Сабаг, спикерот на народниот совет на Сирија најави дека изборите ќе се одржат на 26ти мај и дека потенцијалните кандидати за изборите ќе можат да се регистрираат од понеделник, додека Сиријците во странство ќе можат да гласаат во амбасадите на 20 мај. Во војната во Сирија умреа околу 400 000 луѓе и повеќе од половина од Сиријците се внатрешно или надворешно раселени лица. Односно заради војната во која беа замешани повеќе различни „proxy“ конфликти на светски и регионални сили, многу Сиријци беа приморани да ја напуштат својата земја.

Претходниот пат кога се одржаа избори во Сирија беше во 2014 на кои победи сегашниот претседател Башар ал-Асад. На претседателските избори во мај ќе се гласа за следниот претседател на Сирија кој ќе добие мандат од дури 7 години. Бидејќи голем дел од Сиријците се раселени лица или бегалци, тие често не поседуваат лични документи кои би им биле потребни во процесот на гласање.

На пример, по договорот од 2016 на Европската Унија со Турција, голем број Сиријци останаа заглавени во Турција каде повеќето сириски бегалци не добиваат дозволи за работа и се приморани да влезат во „сивата економија“ каде што се често експлоатирани. На почетокот на април, овој договор беше продолжен на средбата во Анкара на турскиот претседател Реџеп Таиб Ердоган со претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен, и поранешниот премиер на Белгија кој е сега претседател Европскиот Совет, Чарлс Мишел. Односно се работи за средбата во Анкара каде се создаде скандал кога немаше стол за Урсула вон дер Лајен и многумина го осудија Ердоган за наводен сексизам, но некои медиуми заборавија воопшто да спомнат што всушност се дискутираше на овој состанок, односно продолжувањето на еден договор кој многумина, меѓу кои Amnesty International го сметаат за крајно нехуман.

Особено ако го земеме во предвид продолжувањето на овој договор помеѓу Турција и ЕУ, нејасната пристапност до лични документи, како и автократското владеење на Асад, тогаш доаѓа во прашање валидноста на овие избори. Претходните избори во 2014 година беа отфрлени како недемократски и нелегитимни од противниците на Асад во Сирија како и од САД и ЕУ бидејќи Асад освои 92% од гласовите – бројка која е добар индикатор дека изборите всушност не биле демократски.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.