Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали нацистите се производ на Америка како што е и питата со јаболка?

0
By Нова ТВ on August 29, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 29, 2017 12:12

Пишува: Џејмс К. Витман (James Q. Whitman)

Во Шарлотсвил, домот на Универзитетот на Вирџинија, чиј основач е Томас Џеферсон, бели националисти, сепаратисти, нео-нацисти, членови на „Кју клакс кланот“ и други групи на истомисленици се собраа зад знамиња со свастики и маршираа во поворка во стилот на нацистите, носејќи факели. До крајот на следниот ден, имаше и улично насилство. Еден поборник за надмоќ на белата раса отишол дотаму што со автомобил се удрил во толпа контра-протестанти, при што загинал еден од контра-протестантите, а 19-мина биле повредени.

Групите што беа одговорни за насилството во Шарлотсвил беа пресреќни поради победата на Доналд Трамп на изборите во САД, минатиот ноември. А Трамп честопати избегнуваше јавно да изјави дека не ги одобрува за време на изборната кампања. Кога поранешниот водач на ККК – Дејвид Дјук јавно го поддржа, Трамп скандалозно задоцни со одбивањето на поддршката од Дјук и неговите следбеници. Трамп, исто така, повеќепати поттикна насилство во текот на кампањата, додека покажуваше бескрајна наклонетост кон авторитарните водачи, како што е рускиот претседател Владимир Путин.

По настаните во Шарлотсвил, Трамп првично даде неубедлива изјава со која ја осуди омразата „од многу страни“, со тоа поставувајќи морална еквивалентност помеѓу расистите и оние кои се собраа да им се спротивстават. Два дена подоцна, под зголемен притисок, Трамп објави посилна изјава, во која јасно ги осуди ККК, нео-нацистите и други поборници за надмоќ на белата раса, а веќе следниот ден ретерираше со тоа што ги обвини „двете страни“ за насилството.

Сето ова е ужасно. Но, секој трезвен набљудувач може да види дека САД сè уште се далеку од онаа кошмарна атмосфера во Германија во 1933 година. Американските демократски институции опстојуваат, исто како во кризните 30-ти години од минатиот век. Опозициските партии не се забранети, а судовите не ја изгубиле својата независна надлежност.

Покрај тоа, Трамп не е врховен водач на политичка партија со паравоена гранка. Не се градат логори како Дахау, Аушвиц или Треблинка. Дури и планираниот ѕид на Трамп на границата со Мексико заглави во фазата на планирање, не можејќи да добие финансии од Конгресот на САД. А Конгресот нема да донесе закон со кој ќе се овозможи пренос на диктаторски овластувања на Претседателот, како што сторил Рајхстагот за Хитлер во март 1933 година. На крај, она што е подеднакво важно е што американските медиуми се поупорни и поенергични од што биле години наназад.

Копнежот на Трамп за авторитарно владеење е јасно видлив за сите. Но, тој нема да го постигне. Нема да се случи нацистичко диктаторство во Америка.

Сепак, прашањето не е дали Америка е под закана на такво диктаторство. Вистина е дека американските демократски институции и натаму функционираат, но историјата ни покажала дека тие не се имуни на махинациите на расистички вирулентни политички програми. Всушност, САД донесоа дел од законите кои со подоцна служеа како основа за нацистичкото движење во Германија.

Америка, со своите силни демократски институции, беше главната расистичка јурисдикција во светот на почетокот на дваесеттиот век. Очигледен пример е анти-црнечкиот Југ, каде судските институции што се залагаа за белата раса усвојуваа закони со кои се наметнуваше расна сегрегација и со кои се враќаа многу од усвоените одлуки од периодот на реконструкција по Граѓанската војна. Покрај овој има многу други примери. Оние од крајната десница во Европа, исто така покажаа восхит кон американските политики за имигранти од почетокот на дваесеттиот век, кои беа осмислени така што се исклучуваа „непосакуваните“ раси. Во манифестот на Хитлер, Mein Kampf, тој ја издвоил Америка како „единствената држава“ што напредува кон создавање на поредок заснован на здрава раса.

Впрочем, во овој период, 30 држави на САД имаа закони со кои се забрануваат бракови помеѓу луѓе од различна раса, чија намера била да се заштити расната чистота. Американските демократските институции не ги спречија таквите политики на почетокот на дваесеттиот век. Напротив, законите против бракови со мешани раси се производ на американскиот демократски систем, а поради ова многумина Американци се осмелиле јасно да го искажат својот расизам. Судовите на САД ги одржале во функција овие законски иновации, користејќи флексибилни примери од судската пракса при решавање на тоа кој ќе го стекне привилегираниот статус на „белец“.

Нацистите пак внимателно го следеле тоа. Додека ги осмислувале своите расистички статути – Нирнбершките закони од 1935 година – тие внимателно го проучувале американскиот закон за раси како урнек.

Затоа денес, наместо да се прашуваме дали американските институции ќе го преживеат претседателството на Трамп, мора да се запрашаме како американските институции би можеле да се стават во служба на погрешни цели. Сепак, и покрај тоа што американските закони за расите од почетокот на дваесеттиот век веќе не постојат, Америка уште го има истиот прегреан демократски поредок и флексибилност во судската пракса што постоел тогаш. Овие институции веќе не произведуваат закони слични на оние против црната раса; но американскиот систем за кривично право, на пример, сè уште служи како пример за институционализиран расизам.

Американците треба да се засрамат од фактот што институциите на нивната држава ги поставиле темелите за законот за раси на нацистите. Но тие не треба да се грижат за опасноста нацизмот одново да се роди, и покрај јасната двосмисленост на Трамп при осудата на поборниците за надмоќ на белата раса. Наместо тоа, Американците треба да се грижат за потенцијалот на нивните институции да овозможат полесно настанување на злодела кои, колку и да не сакаме да го признаеме, се американски колку што е и питата со јаболка.

Џејмс К. Витман е професор по Компаративно и меѓународно право на Правниот факултет на Јејл и е автор на Hitler’s American Model: The United States and the Making of Nazi Race Law.

*Колумната е преземена од РесПублика

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.