Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали по Србија лекот против ковид-19, Paxlovid, ќе стаса и во Македонија?

0
By НОВА ТВ Balaban on February 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: newindianexpress.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно Законот за лекови и медицински средства може да се одобри увоз и на нерегистриран лек, доколку барањето е оправдано со барање од здравствена институција или лекари за терапија на одредена група на пациенти и ги содржи документите кои се предвидени во законот. Агенцијата го одобрува лекот во најитни постапки, категорични се од МАЛМЕД.

Министерството за здравство ги почнало разговорите за евентуално обезбедување на антивирусниот лек Paxlovid, но дали и кога истиот ќе биде најрано достапен за заболените од ковид-19 се уште не се знае.

Од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, за НоваТВ велат дека „како орган надлежен за стручните и управните работи поврзани со лековите, не учествува во постапките на набавка на лекови и активностите поврзани со тоа, но секако доколку добие барање за увоз на било кој лек наменет за лекување на ковид-19 ќе ја спроведе постапката во најитни рокови со цел достапност на истите до граѓаните“.

Иницијален состанок со производителот

По најавата на министерот за здравство, Беким Сали, дека за набавка на  антивирусниот лек МЗ е во преговори со „Фајзер“, во Министерството за здравство се интересиравме дали ќе ја забрзаат постапката за набавка на овој лек и кога истиот би бил на располагање на пациентите болни од ковид-19, како и со каква процедура би се одвивала набавката – со редовна или со интервентен увоз.

– Веќе е направен иницијален состанок со производителот Pfizer на кој е разговарано за процесот за евентуално обезбедување Paxlovid. Во моментот е во тек интерна комуникација, по што експертски групи од двете страни ќе ја разгледаат потребата, согласно актуелната состојба со ковид-19 пандемијата во Република С. Македонија. Јавноста навремено ќе биде информирана за чекорите кои произлегуваат од овој процес, ни изјавија од Министерството за здравство. 

За тоа со каква постапка може да биде увезен некој лек, конкретно овој антивирусен препарат, што по САД и Велика Британија, неодамна го набави и соседна Србија, и тоа само десет дена откако ЕМА ја одобри употребата и продажбата на овој лек, од МАЛМЕД  за НОВА ТВ појаснуваат:

– Согласно Законот за лекови и медицински средства, може да се одобри увоз и на нерегистриран лек, доколку барањето е оправдано со барање од здравствена институција или лекари за терапија на одредена група на пациенти и ги содржи документите кои се предвидени во законот. Агенцијата го одобрува во најитни постапки, велат од Агенцијата.

Оттаму додаваат дека Paxlovid е лек на компанијата Pfizer, предноста е дека се користи орално и е наменет за возрасни кои немаат дополнителна потреба од кислород и имаат ризик за прогресија да развијат тешки состојби на болеста предизвикана од ковид-19. Потврдено е дека ја намалува хоспитализацијата и смртноста кај заболените пациенти во големи проценти, и со тоа се наметнува во голема мера потребата од овој лек.

Може увоз и на нерегистриран лек, доколку барањето е оправдано

Од Агенцијата нагласуваат дека како орган надлежен за стручните и управните работи поврзани со лековите не учествува во постапките на набавка на лекови и активностите поврзани со тоа, но, секако, доколку добие барање за увоз на било кој лек наменет за лекување на ковид 19 ќе ја спроведе постапката во најитни рокови со цел достапност на истите до граѓаните.

– Лекот Paxlovid е антивирусен лек против ковид -19 и сеуште не е регистриран во нашата земја. Имајќи го во предвид  фактот дека лекот има добиено одобрение од Европската агенција за лекови, и ги поседува соодветните документи, во Агенцијата се спроведуваат скратени постапки. Согласно Законот за лекови и медицински средства може да се одобри увоз и на нерегистриран лек, доколку барањето е оправдано со барање од здравствена институција или лекари за терапија на одредена група на пациенти и ги содржи документите кои се предвидени во законот. Агенцијата го одобрува во најитни постапки, категорични се од МАЛМЕД.

Додека лекот да стаса, вакцинирајте се!   

За тоа што во меѓувреме, додека да стаса овој или некој друг антивирусен лек, дали вакцината против ковид-19 е решението – како што нагласи и министерот Сали „иако сме во преговори со „Фајзер“, не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето“, од Агенцијата за лекови велат:

– Мораме да нагласиме дека вакцината е единствениот лек кој што може да не заштити и спречи  последици од тешки форми на болеста, хоспитализации и смрт. Лекот Paxlovid се користи за пациенти кои се веќе заболени од ковид-19, така да укажуваме на граѓаните за важноста на вакцинацијата во цел на  заштита на јавното здравје, додаваат од МАЛМЕД. 

Европската агенција за лекови (ЕМА) кон крајот на јануари ја одобри анти-ковид пилулата на „Фајзер“, која е прв орален антивирусен лек против таа болест во Европската Унија (ЕУ).

Употребата на лекот се препорачува да започне во првите пет дена по појава на симптомите.

Љубица Балабан

Paxlovid антивирусниот лек Министерството за здравство набавка постапка увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.