Корупција, криминал, нечесни зделки, отсуство на грижа за ближниот, се секојдневието на македонското општество, дали се сосема заборавени христијанските вредности?
Спроти големиот верски празник, Велигден, ги прашавме свештениците и граѓаните – дали христијанските начела, кои излегуваат од рамката на религијата, станаа вистинска реткост.
Во трката по пари и материјални богатства, дали луѓето заборавија на благородноста?
Се’ повеќе верата се практикува како некаков вид на ритуал, а и доминантните вредности што ги негува едно општество влијаат врз духовниот развој, велат граѓаните.

