Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали средбата в среда ќе донесе оптимизам за решение до јуни

0
By Нова ТВ on April 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 24, 2018 10:23

В среда попладне во Виена ќе се одржи нова средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со посредникот во спорот за името Метју Нимиц.

Засега нема најави за што ќе се разговара на оваа средба, откако на последната што се случи во Охрид на 12 април, министерите заклучија дека прегвоорите напредуваат, но остануваат клучните прашања.

Грчкиот информативен портал Ин  објави дека новата средба се планира под голема тајност. Според порталот, на средбата се очекува да се разговара за временската рамка за спроведување на евентуалниот договор.

-Многу веројатно е новите разговори да се однесуваат на временскиот период, нешто што се спомена и по средбата во Охрид,  пишува Ин.

Димитров и Коѕијас во Охрид најавија средби и на двете конференции во Грција, едната на 3 и 4 мај во Солун, другата една седмица подоцна во Сунио.

Можно ли е решение до јуни

Според анализата на Радио Слободна Европа, има оптимизам, да биде постигнат договор до јуни.

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски го истакнува грчкото барање за ерга омнес употреба како важно останато прашање за кое, како што вели, е потребна политичка волја и дипломатска умешност.

-И таму ако најдат решение со вградување на временска клаузула во договорот, тоа да не биде веднаш, туку при влегувањето на Македонија во Европската унија, кога ќе се отвора Уставот и така поради членот 118 кој значи директна примена на европското законодавство во правниот поредок, тој момент да се искористи и за насловот на Уставот, што мислам дека таквото решение е можно и реално да биде изведливо тука, вели Фрчкоски за РСЕ.

Во врска со изјавите изјавите на Коѕијас, за тоа дека е невозможно земјава во јуни да влезе во НАТО поради кусиот временски рок и изјјавата на коментарот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека таквите изјави не се изненадувачки и дека таквите ставови се слушаат и од Москва, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека грчко-руските односи се традиционално добри, но дека во овој случај тие нема да играат пресудна улога.

-Тоа не е спорно, но не беше спорно ниту во почетокот на интензивирањето на преговорите за името и верувам дека во нашиот случај тоа нема да има пресудно влијание,  вели Муслиу.

И за професорот Фрчкоски „би било препесимистички да се каже дека на тој начин влијае во грчката политика“. 

Тој смета дека Владата на Ципрас која треба да најде мнозинство и излезно решение и тоа да го спакува, е под голем притисок на опозицијата, но како што вели тој е оптимист дека тоа ќе се случи со што евентуална идеја, овој регион да остане надвор од НАТО нема да успее барем кога е во прашање Македонија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.