Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Тони Блер си ги продаде принципите?

0
By Нова ТВ on October 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 3, 2013 14:42

Поранешниот премиер од Лабуристите, ја предаде сопствената агенда за надворешна политика, пишува Мајк Херис за британски „Телеграф“.

Херис во неговиот текст пишува за поранешните широки видувања на Блер во однос на неговата надворешна политика, и сегашната функција како советник на претседателот на Казахстан кој го нарекува автократ, за тоа „каде потклекна Блер“.

„Ако сакате да знаете која е цената според која еден голем човек ќе си го продаде своето наследство – тоа се 13 милиони долари. Тоа е цената која го чини претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев, еден зајадлив автократ, да го ангажира поранешниот премиер Тони Блер како негов советник. Човекот кој владееше во пост-Вестфалија ерата, анти-Кисинџер-от кој спречи геноцид на косовските муслимани и застана во одбрана на правата на жителите на Сиера Леоне, сега е советник на диктаторите богати со нафта.

Прес-тимот на Блер изјави дека тој не заработува никакви пари од договорот. Но не постои јавно објаснување за тоа дали неговата фирма „Тони Блер Здружение“, се плаќа. Во јануари, 52 млади активисти од Казахстан, во опозицискиот весник „Республика“ го повикаа Блер да се повлече од договорот.

Тоа дојде откако државните безбедносни сили пукаа на работниците кои протестираа околу нафтата, убивајќи 14 од нив. Тие му укажаа на Блер: „…раководството на Казахстан во мирнодопски околности отвори оган врз невооружени граѓани. Такви методи се крвава секојдневност во нашата земја од моментот кога ти стана советник на претседателот Нурсултан Назарбаев“.

Во една темна иронија, кружат гласини дека Блер бил ангажиран од страна на Назарбаев за претседателот на Казахстан да ја добие Нобеловата награда за мир.

Казахстан е пост-советска пустина за човековите права. Критикувањето на претседателот е нелегален прекршок, полицијата рутински ги мачи активистите на граѓанското општество, секој независен печат е малтретиран, а децата се користат во тутунската индустрија.

Храбриот весник кој застана против среброљубието на Блер, е цел на закани, на веб-блокади од страна на Казахтелеком (најголемиот Интернет провајдер во земјата), на клевети, па дури и пожари. Во 2002 година, канцелариите на весникот беа запалени, а мртво куче беше оставено да виси до најниските прозорци. Закачено на трупот на кучето стоеше белешка во која пишуваше „Нема да добиете втора опомена“.

Се разбира, за многу од оние кои го гледаа Блер со сомнеж, или не им се допаѓал, за време на неговиот престој во канцеларијата ова ќе дојде како мало изненадување. Но лесно е да се заборави дека Блер не изразуваше тешка надворешна политика која ја нападна реалната политика од минатото. Дури и пред 9/11, Блер развиваше вистинска кохерентна приказна за надворешната политика. Неговиот говор во Чикаго 1999 година служи како репер. Тој рече: „Ние сите сме интернационалци сега, без разлика дали тоа ни се допаѓа или не. Не можеме да одбиеме учество во глобалните пазари ако сакаме да успееме … Не можеме да го свртиме грбот на конфликтите и кршењето на човековите права во другите земји доколу сакаме сеуште да бидеме безбедни“.

И најзначајното: „Актите на геноцид никогаш не може да бидат само внатрешно прашање“.

Идејата дека суверенитетот не беше пречка кога човековите права беа прекршени, беше развиена од Блер во неговиот „пост-Вестфалиски“ говор во 2004 година. Тогаш, тој рече: „Значи, за мене, пред 11 септември, јас веќе посегнував кон поинаква филозофија во меѓународните односи, од традиционалната која се нишаше од договорот во Вестфалија во 1648 година; имено, дека внатрешните работи на една земја се само за неа и не мешате, освен ако не претставува закана за вас, или прекрши некаков договор, или активира некоја обврска на сојуз. Јас не сметав дека Ирак се вклопуваше во оваа филозофија, иако можев да ја видам ужасната неправда нанесена на својот народ од страна на Садам“.

Лабуристичката партија доживува тешки времиња во обновувањето на својата надворешна политика. Наследството на Блер, би требало да ја вкотви партијата како социјал-демократска и интернационалистичка во нејзиното јадро. Наместо тоа, Блер на своите неистомисленици им дава претстава дека неговата надворешна политика ја водел според личните интереси. Како што еден од повисоките членови на владата на Блер рече „како што се ближеше крајот, Тони стануваше се помаѓепсан од богатството“. По неговиот договор во Астана, тешко е да се аргументира против тоа.

Светот станува депресивно место. За жал, нема бескраен марш на демократијата. На нашиот праг, Унгарија станува менаџирана демократија, Белорусија затвора и мачи претседателски кандидати, Иран продолжува со егзекуции, Северна Кореја е најголемиот гулаг во светот, а денес Сирија убива невооружени цивили.

Одговорот на Блер во Чикаго е оној вистинскиот. Не може да гледаме подалеку, и нашите интереси за глобализирано општество не се само на Британска почва. Лабуристите треба да се движат настрана од Тони Блер, и да артикулираат визија за тоа како модерниот надворешен изглед на општеството се поврзува со поширокиот свет. Штета е што Блер нема да и се придружи на партијата на ова патување“, пишува Херис.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.