Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали власта прави упад во правната држава наместо да спроведе реформи во судството?!

0
By Marija Todorovska on March 14, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се можни протести доколку петмината членови на Судскиот Совет не си поднесат оставки по постапката за интерпелацијата во Собраноето.

Дестан Јонузи

Со гласањето од Собранието на интерпелациите за недоверба на петмина членови на Судскиот Совет не значи и оставки за овие пет члена на советот. Од друга страна од опозициската ДУИ најавија дека по терк на ова интерпелација ќе бараат интерпелација за уставните судии.

За ДУИ, потегот на власта за разрешување на судии од Судскиот совет е поткопување на темелите на демократија и се вршат притисоци за оставка, но тие ќе вратат со исто средство за судиите од Уставниот суд кои, како што нагласија, задираат во албанскиот јазик.

– Ќе почнеме од Уставниот суд и сега набргу ќе поднесеме интерпелација за судиите на Уставниот суд коишто се избрани во овој дом, изјави Илир Хасани од ДУИ.

Ставот на Уставниот суд по најавата од ДУИ дека ќе поднесат интерпелација и за уставните судии во пресрет на расправата за Законот за употреба на јазиците е дека „Уставот не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт“.

За постапката за разрешување на судии опозицијата ја обвини власта дека не прави никакви реформи, и дека ова што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за опозицијата, и како што нагласуваат, и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот.

– Ако вели владата дека прави реформи, јас би ги прашала, зошто на интерепелацијата во парламентот не се најде министерот за правда кој ги има истите права и одговорности во рамките на судскиот совет, а за чие членување во судскиот совет токму оценската мисија на ЕУ е онаа која прва забележува дека министерот за правда не треба да биде дел од судкиот совет, изјави заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска.

Според неа, ова не е ништо друго освен амбиција, притисок, врз членовите на судскиот совет и целото судство со идеја таму да се инсталираат партиски послушници.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се можни протести доколку петмината членови на Судскиот Совет не си поднесат оставки по постапката за интерпелацијата во Собраноето.

– Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на улица и ќе протестира, народот е гладен и жеден за правда. Замислете имате кај граѓаните помала доверба од 2 или 3%, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Ќе им се случи народ, прв ќе застанам кој ќе го води народот, ветувам дека тоа ќе се случи, изјави премиерот.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер порача дека мора да се следат законските одредби при процесите поврзани со интерпелацијата на петте члена на Судскиот совет која се одигра во Собранието.

– Не може да ги коментирам, ги следиме одблиску процесите. И процедурата во Собранието, исто и нивните изјави. И за секој од овие случаи најважнео е да се следи законот и да се следи со почитување и транспарентност за да биде јасен пред сите кои ги набљудуваат тие процеси, одговори амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Известувачот на Eвропскиот парламент за Mакедонија Tомас Вајц во пишана изјава до медиумите реагираше на, како што се наведува, притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност.

– Овој повик од страна на Владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем е клучна за владеењето на правото и поделбата на власта, кои се темелни вредности на патот на македонија кон ЕУ, наведува Вајц во пишаната изјава до медиумите.

Законот за судски совет во членот 31 пропишува шест основи за разрешување на членови на Судски совет. Во нив не е наведена постапка преку интерпелација во законодавниот дом, кој избира третина од телото.

На член на Судски совет му престанува мандатот ако му е истечен, на негово барање, ако е разрешен од судија, осуден е со правосилна судска пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување во вршење на функцијата, ако му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата или пак е избран на друга јавна функција.

На 11-ти март, Собранието им изгласа недоверба на петте члена на Судскиот совет, избрани во Собранието. Интерпелациите не се обврзувачки за членовите на Судскиот Совет Весна Дамева, Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Павлина Црвенковска, но владејачкото мнозинство очекува да си поднесат оставки.

Зад иницијативата за интерпелациии, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Дестан Јонузи интерпелација Мицкоски Судски совет судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.