Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали ВМРО-ДПМНЕ се достојни за власт?

0
By Нова ТВ on November 6, 2019 ВЕСТИ
Фото: Дојче веле
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 6, 2019 07:32

Пишува Гордан Георгиев

ВМРО-ДПМНЕ пред било кои идни избори треба да даде одговори и да даде цврсто ветување на едно и единствено клучно прашање: кога ќе дојдете на власт, што точно од времето на Груевски НЕМА да правите?

Ако минатиот пат се согласивме дека СДСМ на претстојните избори ќе пука со сета расположива артилерија, носени на крилјата на успесите и патем потпалувајќи го стравот од минатото, би требало да се согласиме и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да седи со скрстени раце. До тука е логично. За да ВМРО-ДПМНЕ не седи со скрстени раце (иако и тоа им е опција во одредена констелација на претпоставен низок одзив), треба најпрво да раскрсти со некои работи. Тоа раскрстување се покажува како необично тешко и нелагодно за актуелното раководство на опозицијата, на само неколку месеци пред изборите.

Популизмот на ВМРО-ДПМНЕ е веќе видена, вкусена и слушната работа. Плодовите се несомнено горчливи, иако дрвјата уште обилно раѓаат и на политичкиот пазар има муштерии и за такви плодови. Територијалната поделба од 2004 и „предавството на СДСМ“ е веќе бајата тема, признавањето на Косово од страна на владата на Груевски е факт, амнестијата на Хашките случаи беше предизборно ветување на Груевски кон Али Ахмети и претставува орден кој ВМРО си го носи на реверот. А среќниот 8-годишен брак и несреќниот развод со ДУИ ѕунат во ушите на вмровците и создаваат помешани чувства, повеќе благопријатни отколку непријатни. Плус, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се „браќа по бомби“. Името е сменето, а референдумот вака-така помина. ВМРО-ДПМНЕ има гласни жици за овие теми, ќе ги гледаме повторно народните трибуни како врескаат со националистички патос. Па сето тоа го видовме и сме го гледале неколку пати. Не велам дека нема клиенти и за таквиот популизам, конечно ВМРО е десничарска партија и има публика за тоа. Но тој популизам, едноставно, не е доволен за победа. Тој е доволен да ги собере на купче националистите, анти-албанските гласови, клиентелистите и оние малкумина кои сакаат да го казнат СДСМ наградувајќи го ВМРО-ДПМНЕ. Колку се тие? Максимум 350 илјади гласови. Дали е тоа доволно? Не знам. Може да не е. Ако не е, од каде ќе најде опозицијата дополнителни гласови?

Ова ВМРО-ДПМНЕ носи неизвесност

Македонецот е питома, кротка душа. Не сака неизвесност. Многу неизвесности претпре изминативе 30 години и би рекол дека веќе во кодот му е навлезена потребата за некаква извесност и стабилитет. Овој нов момент е неочекуван за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие се научени на седум-осминските немирни тактови кои постојано ја прогонуваат и ја проблематизираат македонската нација и македонскиот проект, колку и тоа да звучи небулозно во оваа мултиетничка Северна Македонија на прагот на НАТО и на прагот да биде шутната од ЕУ. Тука ВМРО-ДПМНЕ нема одговор, и прашање е дали ќе го има до април. Бидејќи во очите на непартискиот гласач, ова ВМРО-ДПМНЕ носи неизвесност, наспроти извесноста која е несмасна, сурова и понекогаш болна. Политичкото кокетирање со Преспа е тема која не ја сакаат Македонците и претпочитааат да ја турнат под тепих, но активното опструирање на Преспа и размавтување со други анти-Преспа наративи нуди крајна неизвесност за гласачот. Ние што сме принудени да ги следиме општествените настани добро знаеме дека анти- Преспа наративот е една голема шарена лага, но тоа не нужно го знае гласачот кој не го интересира длабински политиката а сепак оди на гласање. СДСМ, и особено Заев, колку и парадоксално можеби да звучи, нуди некаква извесност. Извесност дека сме тргнати по некаков пат и на крајот на патот не’ чекаат нашите неволни и изнудени пријатели од Запад.

Реална геополитика

СДСМ нуди слобода, и нема потреба да иронизирате. Слобода да зборуваме, да делуваме, да не стрепиме. Слободата се разбира дека повеќе ја цениш кога ја немаш а не ја забележуваш кога ја имаш, но сепак само три години поминаа од шокот на 27-ми април и претходните единаесет години неспокој. А тие шокови ја позиционират ВМРО-ДПМНЕ како партија која нуди страв, како блиска реминисценција на Груевски, Јанкуловска, семоќната тајна служба итн. Конечно, Груевски. Ова ВМРО-ДПМНЕ се’ уште ни го нуди Груевски, каков таков, затскриен во шупата на крајот од дворот, можеби врзан во некакви лабави пранги, но сепак тука некаде, присутен околу нас и длабоко навлезен кај нив. Колку овој агенс на страв и претпоставена неизвесност се моќни да мобилизираат гласачи против ВМРО-ДПМНЕ (а за СДСМ), веројатно ќе се покаже како клучното јазиче на вагата на изборите во април.

ВМРО –ДПМНЕ на овие избори ќе се најде во чудна позиција: нема да има што да брани и малку што да напаѓа. Ќе напаѓа на класичните политички теми (корупција, криминал, непотизам) но ќе остане анемична на големите теми (Преспа, НАТО, ЕУ) и сосема дефанзивна или неубедлива на проактивните теми (економска програма, социјала, борба против корупција и криминал), токму заради блиската реминисценција на минатото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.