Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Далмација отсечена од Хрватска – снег и ветер од 150 км на час, еден загинат

0
By Соња Крамарска on February 27, 2023 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Далмација е осечена од остатокот од Хрватска, посебно Лика и Горски Котар, кои ги погодија интензивни врнежи од снег, силен ветер и предизвикаа целосен колапс на сообраќајот. Утрово, нема слободен патен правец за ниту една група возила од Далмација кон внатрешноста и обратно.

Возила за чистење на снег се на патиштата, но голем број луѓе се се уште заглавени. Затоа беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн. На терен се и спасувачите од Хрватска горска служба кои помагаат да се извлечат заглавените од снегот.

Хрватските медиуми пренесуваат дека најмалку 25 возила ја игнорирале забраната и влегле во затворениот дел од автопатот А1 кај тунелот Свети Рок. Поради ова тие се заглавени во снегот и екипите се обидуваат да ги извлечат. На истиот автопат, се излизгал автобус со албански регистраски таблици. Еден од десетте патници загинал, а другите се повредени и пренесени во болница во Карловац.

Покрај снегот, возачите ги мачи и силен ветер, кој дува со брзина од околу 150 километри на час и на моменти предизвикува ефект на вистинска снежна бура. Во земјата е вклучен црвен метео аларм.

Во поголем дел од земјава е претежно облачно, во внатрешниот дел се уште паѓа снег, а долж Јадранот врне дожд и дува силен ветер.

Според последните информации, во метеоролошката станица Госпиќ се измерени 70 сантиметри снег.

Најавите на хрватските служби се дека снегот ќе паѓа и во текот на денот, особено во Горски Котар и Лика, а долж Јадранот се очекуваат врнежи од дожд.

снежно невреме Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.