Чедомир Дамјановски не може да си оди од Комисијата за лустрација, иако му е престанат мандатот бидејќи претседателот на Комисијата Томе Аџиев, смета дека парламентот треба да ги извести дека им завршил мандатот.
Поранешниот лустратор, Дамјановски се повикува на законот и тврди дека мандатот од 5 години му е завршен и истечен уште на 15. јануари оваа година.
-Нашиот мандат започна на 15 јануари 2009-та година, а по сила на законот истекува на 15 јануари годинава, што значи Собанието не треба да не разрешува. Го повикувам претседателот Аџиев да објасни според кој член или одредба од законот, мандатот на Комисијата сеуште трае изјави Дамјановски.
Тој појасни дека Аџиев не им дозволува на службите да го одјават од Агенцијата за вработување, за да може да да заснова работен однос, со што му се загрозени основните човекови права, како на него така и на другите членови на Комисијата. Дамјановски ги повика повисоките инстанци да интервенираат и да го спречат Аџиев, во како што рече, незаконското работење. .




