Советниците на колалицијата на СДСМ, градоначалникот и локалната администрација денеска ја напуштија седницата на Советот на Општина Куманово во знак на протест за апсењето и притворањето на нивниот колега и сопартиец од општина Центар Мирослав Шиповиќ.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски ја потврди информацијата дека во знак на револт, поради мерката притовор на Шиповиќ ќе го замрзне членството во ЗЕЛС.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на одлуката за прекинување на седницата и побараа таа да продолжи без СДСМ, бидејќи имаше кворум за работа со 21 советник, а раководителите на сектори и директорите на јавните претпријатија да одговараат на советничките прашања.
„СДСМ денеска покажа дека не ги брани интересите на граѓаните, туку интересите на поединците од нивната партија. Со ова докажа дека граѓаните им требаат само за избори. Општинската администрација не смееше да ја напушти седницата затоа што таа не е само партиска и на СДСМ, туку на сите граѓани на Куманово“, ја пренесуваат медиумите изјавата на координаторот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Стојановски.




