Со двајца од шеснаестмината приведени сум близок пријатал, осуммина ги познавам, а со еден од нив, со потерница под оперативниот назив „Луди Милојко“, сум се среќавал во моите канацеларии и тоа не ме прави шпион, иако бев приведен и испрашуван во полициската акција, вели режисерот Борис Дамовски во интервју за Телма.
-Прашањата произлегуваат од моите контакти и познанства со одредени луѓе, и дали тие биле од природата на мојата работа или пак за мои лични намени и љубопитност, вели тој.
Четирианесет часа Дамовски минал кај истражниот судија одговарајќи на прашања.
-Тие имаа лист со прашања кој личеше на кусо сценарио. Одговарав половина час, следните трианесет часа ги минав на неудобно столче, вели Дамовски.
Апсењето минало театрално. Деветмина полициски специјалци и инспектори упаднале во неговиот дом за да го приведат.
-Акцијата беше споведена спектакуларно иако инспекторите понатаму се однесуваа коректно бидејќи мојот малолетн син се вознемири во 05.30 часот, моравме со полицијата да се однесуваме како да сме во некоја моја емисија, па хеклерите на специјалците да изгледаат како дрвени играчки, објаснува режисерот, во интервјуто за Телма.



