Обвинението против налогодавачите, организаторите и извршителите на убиството на српскиот новинар Славко Чурувија е напишано и ќе биде објавено следната недела кога ќе бидат извршени и апсењата, објави “Данас” повикувајќи се на неименуван извор во државниот врв на Србија.
Сите лица кои се во Србија и се осомничени за тоа убиство се под строго надгледување, за да се спречи евентуално избегнување на апсењето во следната недела.
Налогот за акцијата е од врвот на државната безбедност, пишува “Данас”.
Во изјава за “Данас” потпретседателот на Владата Александар Вучиќ изрази надеж дека случајот со убиството на Чурувија конечно ќе биде разрешен.
Случајот Чурувија кој датира од 11 април 1999 година- од времето на режимот на Слободан Милошевиќ, е неразрешен во Србија, но епилогот е на повидок, откако се појави сведок кој навести евентуални апсења.