Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данев: Договорот ги отвора вратите за НАТО и ЕУ, но народот го отфрли

0
By Соња Петрушевска on October 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Договорот е штетен за националните интереси, но идеален договор нема. Овој Договор ги отвора вратите за брз влез во НАТО и извесна иднина за влез во ЕУ, и тоа треба да го знаат граѓаните. Волјата на народот беше јасна, а тоа го потврди и Државната изборна комисија која соопшти дека референдумот не е успешен. Затоа како пратеник немам ниту волја, ниту можност да гласам за уставни измени“, кажа од собраниската говорница координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев.

Данев гласаше на референдумот и објасни дека тоа го сторил затоа што ставот на неговата партија повеќе од една деценија бил дека за спорот за името треба да одлучат граѓаните на референдум. На власта и напомена дека „се ставила на една карта – решавање на деценискиот спор“, но не успеале да ја внесат Македонија во ЕУ и НАТО со привремената референца.

Данев кажа дека го цени повикот на премиерот за помирување.

„Никогаш не е доцна но грешките треба да ги признаеме и ние и вие. Оваа процедура не треба да заврши со предавници и патриоти, туку со почитување на волјата на народот“, кажа Данев.

Премирот Заев во реплика до Данев кажа дека „никому не му е лесно, ни на вас, ни нас“. Тој потврди дека Владата вложила големи напори за решавање на овој проблем затоа што како што кажа „успешноста на земјата беше релативна без решавање на овој 27 годишен спор“. Тој уште еднаш ги повика пратениците да се обединат за членство во НАТО и ЕУ.

Во моментов е пауза – досега говореа 6 пратеници, а пријавени за дискуија се уште 60.

Претходно, Артан Груби од ДУИ кажа дека “иднината се гради со храброст, а не со историја“.

– Пред нас има три копчиња, зелено е за иднина, црвено за стагнација и изолација. Имајќи ја моќта во вашите раце, со ваша визија, предизвикајте го голиот популизам, немој да се криете позади народот, бидете протагонисти, не статисти. Денес засадуваме дрво, а вие зборувате за стравот од привремената сенка. Денес знаеме што е правилно, затоа е време за донесување на најдобрата одлука во вашиот живот и вашата кариера. Која е пожртвуваноста што се очекува, тоа е едно притискање на зеленото копче за да нашата држава има иднина“, кажа Груби.

Артан Груби Данев уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.