Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данева: Нека положат прво министрите англиски, а потоа административците

0
By Нова ТВ on February 3, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 3, 2014 19:45


Собранието на Република Македонија ги донесе дополнетите предлози на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за административни службеници.

Додека опозицијата оценува дека законите ќе го ограничат пристапот на граѓаните до работните места во јавната администрација, владеачкото мнозинство реформата ја нарече суштинска- која ќе ја зголеми професионализација и ефикасноста на администрацијата.

„Зошто не им кажеме на граѓаните дека направивте замислете Академија таканаречена за обуки, а всушност да им објасниме дека Академијата е сектор во министерството коешто се грижи за нивните обуки, ама не само обуки туку и оценки. И сега на крајот треба им кажеме следно, најдобрите оценувани државни службеници, од утре навака од кога ќе го донесете законот ќе бидат наградувани. Тоа е лага, бидејќи законодавецот ќе ви каже најдобрите 5% ќе бидат наградени. Само 5% ќе можат да добијат највисока оценка“, истакна пратеничката на СДСМ, Ана Павлова Данева.

– Се поставува прашањето кој е тој министер, кој е тој премиер, кој е тој пратеник што може на десетици илјади луѓе да им каже вие ќе се обучувате, вие ќе спремате и ќе полагате испити. Вие ќе бидете испитувани на интервју, вие ќе мора да ги положите сите овие новини коишто ги кажува министерството, вие ќе бидете оценети од претпоставените, од колегата, од странката. Ама на крајот највисока оценка нема да може да добиете сите.

– Тоа што не го кажувате е дека ќе имате казни. Казни што значи деградација на еден службеник во цела категорија.

– Секој државен службеник кој што ќе добие задоволителна оценка, но најниска во групата ќе биде казнет. Оние што ќе добијат незадоволителна, отпуштени на улица при прво оценување. Оние што добиле два пати ниски не да бидат избркани од работа, туку слаби оцени, 30% од плата итн., истакна Данева.

Според неа она што предизвикува потсмев, мајтап, жалење за секој административец е новината дека TOEFL , FCE и понатаму сите можни меѓународни странски сертификати, за познавање на странски јазик и за познавање за работа со компјутери ќе мора да ги поседува возачот во едно министерство.

Данева предложи прво министрите и замениците министри нека ги положат тестовите и зошто за нив нема ваква обврска, туку само за административецот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.