Експертот за Балканот, Даниел Сервер, предупреди дека компромисен договор за Украина кој би го нарушил нејзиниот суверенитет и територијален интегритет може да ја охрабри сецесионистичката и иредентистичката активност на Балканот, особено во Босна и Херцеговина, Косово и Северна Македонија.
Според него, Русија би можела да искористи преговорите за Украина за да го одложи договорот, но не би повторила сценариото од Минск-2. Сервер истакна дека Македонија е подготвена да ги прифати бугарските барања за промена на Уставот, но само ако тоа биде последно барање од Софија.
Поради актуелната ситуација, Европа треба да има политичари кои ќе можат да ги заштитат интересите на Украина и да се спротивстават на американските ставови, а можеби Европа ќе биде таа која ќе распоредува мировни сили во Украина. ЛИНК