Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даночна амнестија на парите од Кипар – да или не?!

0
By Сашка Цветковска on March 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 19, 2013 15:40

Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, повторно го актуелизираше неговиот стар предлог за даночна амнестија на парите изнесени надвор од земјава. Овој пат Трајковски предлага даночна амнестија на заштедите од Кипар. Предлогот доаѓа откако Европската унија побара од Кипар еднократно оданочување на банкарските депозити како услов за добивање финансиска помош.

“Факт е дека законот за одданочување на депозити, Кипар го прави како неатрактивна дестинација. Она што го промовирав пред неколку години, односно можноста за даночна амнестија на нашите резиденти да го вратат капиталот во Република Македонија станува атрактивна затоа што Кипар нема да биде единствено решение. Ова ќе биде само почеток на она што ќе се случува во Европската унија како појава”, изјави денеска Трајковски.

Веднаш по предлогот на Трајковски се огласи и министерот за финансии, Зоран Ставревски, кој на прес конференција денеска изјави дека не знаел за такви сметки на Кипар, но и дека не се размислува во насока на даночно амнестирање.

Нова ТВ консултираше повеќе економски аналитичари со цел да го оценат предлогот на Трајковски за даночна амнестија на заштедите од Кипар.

д-р Шенај Хаџи Мустафа, универзитетски професор.

“Треба внимателно да се постапи и да се направи проверка на имотот, односно средствата на оние кои ги изнеле парите надвор, односно да се испита дали на нелегален начин се изнесени парите. Мора темелно и внимателно да се провери за да не биде дека државата ќе врати назад пари кои се нелегално изнесени од земјата. Тоа секако може да биде и дестимулирачки за луѓето кои функционирале овде и овде работеле со парите, плаќале давачки, даноци и обврски кон државата и имале помала добивка од оние кои парите ги изнесувале надвор. Дефинитивно се добредојдени сите пари и средства во земјава, но мора да се внимава да не биде дека оние кои го кршеле законот и изнесувале пари нелегално, сега ги враќаат слободно истите пари. “

Д- р Трајко Славевски, универзитетски професор и поранешен министер за економија

“Во моментов во Кипар банките не работат, се чекаат се уште новости и не би знаел што да речам. Ова е стар предлог на Трајковски и во времето додека јас бев министер за економија владата имаше негативен став за овој предлог, така што не би имал повеќе што да додадам.”

Мирољуб Шукаров, универзитетски професор по бизнис и економија

“Некои луѓе парите ги сокрија во други даночни раеви, не е само Кипар. Комплицирано е прашањето и не може да се амнестира капитал одлеан по вонзаконски канали. Тоа значи дека некои луѓе треба да речат, добро, јас бев криминалец, ама сега се придружувам на оваа одлука и се враќам со парите. Тоа ќе оди тешко, а од друга страна сите оние бизнисмени немаат никаква доверба во власта дека таа нема да најде начин да ги казни, тие не веруваат во ваквите објави затоа што постојано се држат под тензија и притисок и страв дека ќе има ревизија на приватизацијата. Меѓудругото, и со држење на таа тензија помеѓу богатите тие се принудија да ги изнесуваат парите. Така што, дури и да амнeстираат, не верувам дека тоа ќе има некакво ефект. И најпосле, ако веќе некој се одлучува на таков чекор, тоа е генерална амнестија, не може амнестија само за Кипар”.

Ванчо Узунов, универзитетски професор

“Ако го направиш за Кипар треба да го направиш за сите други даночни раеви. Ризикот го земал тој што ги ставил таму парите, а не ги ставил заради убавина, туку заради камати, и ние граѓаните не сме ништо сме должни ние тоа да го платиме. Јас нема да навлегувам во тоа дали се тоа криминално изнесени пари или не. Тоа ќе го упростам и ќе речам – Тоа е бизнис одлука да ги носи некој парите на Кипар и за деловна одлука ако е мој профитот, тогаш мој е и ризикот! И нема зошто ние недолжните граѓани тоа да го плаќаме”.

Пред неколку недели се појави и истражувањето на “Глобал Фајненшл Интергрити”, според кое од Македонија во последната деценија, односно од 2001 до 2010 преку нелегални канали од земјава се изнесени 4, 6 милијарди долари.

Од нив, три милијарди долари нелегални транскации се направени само во 2008, 2009 и 2010 година. Парите најчесто завршувале во Белизе, Маршалски острови, Кипар, Панама, Швајцарија и други држави што важат за даночни раеви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.