Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дарко Шариќ се предал безусловно откако сфатил дека е лоциран

0
By Нова ТВ on March 18, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 18, 2014 12:36


Дарко Шариќ на органите на Србија им се предал безусловно откако сфатил дека е лоциран, за да се избегне крвопролевање, рече пред малку министерот за правда на Србија Никола Селаковиќ, пренесува Б92.

Селаковиќ прецизираше дека движењето на Шариќ било лоцирано на неколку места во Латинска Америка.

„Кога бегалецот беше свесен за тоа, добивме барање за контакт, и тогаш се одвиваше и преговарачки процес. Следеше понуда за безусловно предавање. Шариќ бараше да му се обезбеди контакт со адвокатот, мајка му и синот“, рече Селаковиќ.


Шариќ околу 10 часот утринава веќе бил однесен во Специјалниот суд, јавуваат српските медиуми.

Шариќ се криеше долго во земјите на Латинска Америка, преминувајќи од една во друга земја, каде бил и пронајден. Откако го лоцирале тој бил однесен во Црна Гора каде бил и уапсен.

Во апсењето клучна улога имале српсаките специјалци, а во 12 часот во Владата е закажана конференција за новинарите.

Неговото апсење пред една недела го најави лидерот на Српската напредна партија Александар Вучиќ. Во 2010 година по Шариќ беше распишана меѓународна потерница.

Против него се покренати пет обвининија за трговија со наркотици и за перење пари.

Шариќ пред Специјалниот суд во Белград треба да се појави за прв пат на 24 март за кога е закажано продолжение на судењето на припадниците на неговата криминална група, која се терети за шверц на три тони кокаин од Латинска Америка во западна Европа во текот на 2008 и 2009 година.


По шест споени обвиненија против вкупно 39. членови од групата на Шариќ, во обвинителна клупа ќе седнат 11 лица, бидејќи 16-мина се во бегство, девет ја признале вината, а тројца се добиле статус на заштитен сведок.

„Испрани“ 20 милиони евра од продажба на дрога

Дарко Шариќ во Србија е обвинет за перење на над 20 милиони евра добиени преку продажба на кокаин.

Тие пари, тврди Обвинителството, ги вложувал во легални трансакции за купување на претпријатија, земјишта и недвижнини.

Се се одвивало преку таканаречените „оф шор компании“ кои парите од продажба на дрога ги префрлале во Србија на сметки на поединечни фирми.

На Дарко Шариќ и лицата вмешани со неговиот криминал изминатите четири години им се одземени недвижнини, луксузни вили, куќи, станови, локали, земјишта, претпријатија, хотели, автомобили, како и целиот инвентар.

Трагата на до скоро најбараниот Балканец му се губи во октомври 2009. година во текот на акцијата „Балкански воин“, која се одвиваше во исто време и во Уругвај и во Белград и до сега му беше судено во отсуство.

Поради шверц на дрога им се судеше на осомничени кои биле припадници на криминалната група на Шариќ и во Словенија. Судот во Словенија прогласи за виновни четворица од 17 обвинети.

Минатата година во Црна Гора на пет и пол години затвор беше осуден и братот на Шариќ, кој во 2010 година беше уапсен по меѓународна потерница распишана во Италија.

Тогаш во текот на акцијата истовремено спроведена во Црна Гора, Србија и Италија беа уапсени 80 сомнителни лица за препродажба на кокаин во Италија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.