Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дарко Соковиќ:владата и граѓаните мора да работат партнерски

0
By Нова ТВ on March 6, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 6, 2013 13:43

Режисер на документарни филмови, граѓански активист, но и добар познавач на состојбите на Балканот, Дарко Соковиќ е лидерот на тимот Докукино и специјален гостин на годинашната конференција „Engage“. Зa себе вели дека целиот Балкан е негов дом, а неговата работа е будење на граѓанскиот активизам преку употреба на новите друштвени медиуми и информатичка технологија. Во интервју за Радио МОФ, тој зборува за соработката на граѓанскиот сектор со државните институции, за тековните проекти и потребата од граѓанско будење.

Што значи да си граѓански активист на Балканот?

Тоа значи дека ти е важно во какво општество живееш, значи дека ти е важно како тоа општество ќе изгледа утре, но значи и дека тоа како живееш има врска со начинот на водење на државата во која ти ги остваруваш своите права. Ние во Докукино мислиме дека креативноста и силата на граѓанските организации се повеќе расте во регионот.

Имаме ли „Супер граѓани“?

Да, јас мислам дека имаме и мислам дека се повеќе луѓе сфаќаат дека јавната власт во нашите земји не е нешто што е одвоено од нас, нешто што мора да го истрпиме и нешто против што сме. Сфаќаме дека ние со таа власт нешто можеме, но и власта е нешто на кое мораме да влијаеме. Јас мислам дека тоа се „супер граѓани“, тие кои се бават со оние мали работи во своите заедници и ги тераат работите напред.Мислам дека тие луѓе ги има се повеќе.

Вие работевте на еден таков проект?

Тоа го направивме во Докукино. Станува збор за една онлајн мапа на насилството во Србија. Идејата беше луѓето кои биле жртви или забележале вакви проблеми сами да ги пријават по интернет. Со проектот сакавме да им покажеме на граѓаните дека може и со бесплатни алатки да направиме нешто, да и помогнеме на полицијата, на медиумите, на нив самите…

Дали Владата ги слуша граѓаните? Какво е вашето искуство?

Малку. Ние работиме во цел регион, имаме канцеларии во Белград и Сараево, а сараевската канцеларија има регионални проекти.Владата малку ја интересира што граѓаните мислат, но работите полека се менуваат. Така на пример, владата на Хрватска, според некои независни истражувања, е прва во светот по онлајн-интеракција.Слични примери во некои сегменти има во Србија, тоа почнува да се случува и на Косово, во Македонија постојат некои од идеите за примена на принципите за „Open government partnership“, во Црна Гора се воведе Е-петицијата. Мислам дека тоа станува едно регионално движење кое повеќе нема да може лесно да запре. Ние сега само се обидуваме да ги убрзаме работите.

Дали со проектите на регионалната организација „Докукино“, си создадовте нептијатели во државните институциите?

Ние се трудиме да развиеме пријателски однос. Со нашата програма „Влада 2.0“ работиме на две нивоа. Првото е работа со државните институции. Ние не излегуваме на улица за да бараме да отворат Твитер и да не чујат, туку влегуваме во институциите и им покажуваме како може да ја подобрат својата работа со користење на новите алатки. Тоа воопшто не е лесно…

Во продолжение може да го слушнете целото аудио интервју со Дарко Соковиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.