Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дарманен: Во Франција се приведени 457 демонстранти

0
By Ана Василевска on March 24, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на приведените за време на протестите против пензиската реформа во Франција се зголеми на 457, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

„Досега се повредени 441 полицаец и жандар, додаде тој, заблагодарувајќи им се на органите на редот и на пожарникарите за нивната работа за време на демонстрациите. Демонстрациите беа многубројни и на места прераснаа во судири, особено во Париз, до доцна во ноќта“, истакна Дарманен.

Тој додаде дека само во Париз биле запалени 903 објекти лоцирани на јавен простор, вклучително и контејнери за ѓубре.

Вчера беше деветти ден од протестите против пензиските реформи во француските градови. Во главниот град на Франција, хулигани ја нападнаа полицијата со шишиња, камења и бомби, а тие одговорија со солзавец. Според претставници на органите на редот, меѓу демонстрантите имало 1.500 хулигани, од кои многумина специјално пристигнале тој ден од париските предградија.

Како одговор на протестите на контролорите на летање, француската цивилна авијација побара од авиокомпаниите да откажат 33 отсто од своите летови до и од аеродромот Париз-Орли в недела и 20 проценти в понеделник. Ограничувања од 20 отсто се побарани и за аеродромите во Лион и Марсеј.

Апсење на демонстранти протести Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.