Собранието денеска со 95 гласа „за“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија. Ниту еден од пратениците не се противеше на предложениот состав на ДИК.
Нов претседател на Државната изборна комисија е Александар Даштевски, кој е поддржан од опозициската ВМРО ДПМНЕ. За негова заменичка е избрана актуелната потпретседателка, Детмире Шеху.
Мандатот на актуелниот состав на ДИК, со кој претседава Оливер Дерковски истекува в петок, на 15 јануари. Дерковски нема да биде дел од новиот состав на Државната изборна комисија.