Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Давчевски: Антикорупциска му помага на Груевски

0
By Нова ТВ on February 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2014 13:49


Советничката група на Сојузот за иднината веќе извесно време бара намалување на цената на водата. Ова барање Советот на Град Скопје под контрола на ВМРО-ДПМНЕ го одби со образложение дека било во предизборен период, поради што се обративме до Антикорупциската комисија. Оваа комисија експресно, во истиот ден кога е доставено барањето, одговори дека сега не може да се стави на дневен ред точка за намалување на цената на водата, бидејќи веќе биле распишани изборите, објави денеска Драги Давчевски, советник во совет на Град Скопје.

Така постапила Антикорупциската комисија со барањето на опозицијата, вели Давчевски, но истата оваа Антикорупциска комисија дозволи во истиот овој предизборен период да се расправа за додавање уште еден ден во неделата кога пензионерите ќе се возат бесплатно.



– Прво, срамно е Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да си играат со пензионерите пред секои избори. Ако ВМРО-ДПМНЕ е искрена со пензионерите, бараме Советот на Град Скопје да го прифати барањето на Сојузот за иднината сите пензионери, без разлика на старосната граница да можат секој ден да користат бесплатен автобуски превоз. Овој предлог на опозицијата не е предизборен, туку е повеќепати досега инициран во Советот на Град Скопје. Мнозинството од власта најгрубо го одбиваше, со што се гледаа предизборното лицемерие на власта кон пензионерите.

– Второ, опозицијата и порачува на Антикорупциската комисија дека и е обврска да се издигне над сервилноста кон власта. Инсистираме да прекине селективното постапување на Комисијата и на доследно спроведување на обврските што ги имаат претседателот и членовите, согласно Законот за спречување на корупцијата.

– Сојузот за иднината постави конкретни прашања за повеќе примери на фрлања лопати од страна на Груевски и власта низ земјава. До овој момент, не само што нема експресен одговор дали со овие активности власта го крши законот, туку нема никаков одговор од Антикорупциската комисија, рече Давчевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.