„Ако нема одговорност за судиите кои го донесоа судството на вакво дереџе и истите и ден денес учествуваат во раководењето тешко ке кажеме дека политиката нема влијание“ вели адвокатот Звонко Давидовиќ.
„Јас постојано се надевам , но никако да го дочекаме мигот на проветрување во судството. Се повторуваме и си стануваме досадни. Лоцирани се проблемите, поставена е дијагнозата, но никако да се случи да го прими судството лекот. Зошто е тоа така навистина не знам. Една од претпоставките е дека политиката е премногу завлезена и замешана и дека судството едноставно не е кадарно да се откачи од политиката во своите редови.