Давидовиќ: Партискиот врв ја презел командата на МВР на 27 април

Адвокатот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, чија одбрана денеска на судењето за 27 април откри нови моменти за тоа како бил организиран упадот во Собранието,  Звонко Давидовиќ рече дека по одбраната на неговиот клиент станува јасно дека ланецот на командување на МВР на 27 април бил преземен од партиски луѓе.

Илиев: Едно се притворите во истрага, а друго кога има обвинение

Во јавноста се наметна дилемата дали Кривичниот суд на барање на Обвинителството може да им одреди притвор на осомничените за насилствата во Собранието, откако Врховниот суд пред само неколку дена одлучи да им ја укине оваа мерка и да ја замени со куќен притвор