Светскиот економски форум поведе истрага против својот основач и долгогодишен претседател Клаус Шваб поради сомнежи за малверзации.
Светскиот економски форум денеска соопшти дека примил писмо со обвиненија против Шваб.
Претходно, американскиот весник „Волстрит џорнал“ објави дека Шваб и неговата сопруга се одговорни за финансиски и етички престапи.
Шваб пред два дена соопшти дека поднесува оставка без да наведе детали за одлуката.
Светскиот економски форум е фондација, која Шваб ја иницираше во 1971 година.
Годишниот Економски самит во Давос се смета за една од најважните платформи за водечките политичари, врвни менаџери, експерти и претставници на граѓанското општество од целиот свет.