Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Давос- изолација спакувана како успех

0
By Zoran Ivanov on January 26, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 26, 2026 15:00

Најсилниот доказ дека реалноста не одговара на владиниот наратив е токму Доналд Трамп. Ако навистина постоеше таа „блискост“, логично е да се постави прашањето: зошто немаше средба? Зошто немаше покана? Зошто Македонија повторно остана надвор, додека соседите Албанија и Косово беа внатре?

Андеј Жерновски

Посетата на премиерот Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос беше планирана како извесен демант дека државата не се наоѓа во дебела меѓународна изолација и доказ дека Македонија (сепак) има отворени врати кај најмоќните светски и европски лидери. Наместо тоа, за жал, Давос само ја потврди суровата реалност.

Фактите се прилично јасни: во Давос оваа година беа присутни највисоките светски и европски лидери – претседателот на САД, Доналд Трамп, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, бројни европски премиери, финансиски и геополитички центри на моќ. Но, јавноста не виде ниту една официјално потврдена билатерална средба на Мицкоски со било кој од нив.

Наместо тоа, Владата соопшти за учество на панели, презентации на проекти и неколку средби со инвеститори, како и една билатерална средба од регионален карактер. Тоа не е безначајно, но е далеку од она што беше најавувано како “пробив“, „нова меѓународна позиција“ и „лични врски со светските лидери“.

Најсилниот доказ дека реалноста не одговара на владиниот наратив е токму Доналд Трамп. Ако навистина постоеше таа „блискост“, логично е да се постави прашањето: зошто немаше средба? Зошто немаше покана? Зошто Македонија повторно остана надвор, додека соседите Албанија и Косово беа внатре?

Во меѓународната политика, ваквите отсуства не се случајни — тие се порака, каде отсуството зборува погласно од присуството.

Без ниту една средба со светски или европски лидер од највисоко ниво, без конкретен политички резултат и без јасен меѓународен сигнал на поддршка, Давос за Мицкоски повеќе личеше на од граѓаните скапо платен елитен туризам, отколку на сериозна државничка мисија.

За крај, да направиме реална споредба, која ќе даде аргументиран приказ за тоа како Македонија во изминатите години го градеше својот кредибилитет на меѓународната сцена, наспроти денешната влада на Мицкоски, која ја турна државата во изолација и маргинализација.

Во времето кога СДСМ ја водеше владата, Заев како премиер оствари средби со првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, со директорка за Европа на Светскиот економски форум, Мартина Ларкин, со Ципрас, Вучиќ, Борисов, како и со разни бизнис лидери. Тоа беа реални дипломатски и економски контакти кои отвораа врати за инвестиции, поддршка и кредибилитет за Македонија. Се работеше за држава која знае да зборува и да биде слушана на глобално ниво.

А денес? Средба на Мицкоски со генералниот секретар на НАТО или со некој висок претставник на ЕУ е мисловна именка. Нема разговори за инвестиции, нема дијалог за регионална соработка, нема прилики да се постават националните приоритети.

Наместо присуство, кредибилитет и влијание, денес Македонија е изолирана.

Маргинализирана.

Небитна.

До кога?

 

Андреј Жерновски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.